Направи сам: Обичната ламба претворете ја во фантастична
Во секој дом е убаво да се има барем еден креативен детаљ, а тоа може да биде и вашата здодевна, обична ламба...
Со помош на неколку хартиени чинии, вашата ламба ќе доживее целосна модерна трансформација и ќе ви стане омилен предмет во домот.
Потребен материјал:
- Рамен оквир на ламба
- 50 Хартиени чинии за пикник во било која боја
- Линијар
- Молив
- Ножици
- Лепило
1. Чекор
Половина од чиниите (25) превиткајте ги на половина и на работ повлечете паралелни линии кои ќе бидат оддалечени 0,5cm од средината.
2. Чекор
Со ножици исечете ги чиниите по повлечената линија за да добиете два еднакви полукруга.
3. Чекор
Другата половина од чиниите (25), свиткајте ги како на сликата. Така добиените чинии премачкајте ги со лепило и залепете ги за капата на ламбата. Чиниите лепете ги една до друга, додека не ја залепите целата ламба и потоа оставете ги да се исушат.
4. Чекор
Откако лепилото ќе се исуши, подготвените полукругови треба да ги залепите на чиниите кои веќе се наоѓаат на оквирот и тоа од двете страни, по самиот раб, така што средината ќе остане празна.
Истакнете ја вашата ламба на некое видливо место во домот и уживајте во фантастичниот модерен детаљ!