Направи сам: Висечка ламба од една сијалица во 5 чекори
Ако ви недостасува светлина во домот, тогаш направете си ја оваа интересна и несекојдневна ламба која нема да ви зафати воопшто простор, а е одличен декоративен детаљ кој се вклопува совршено во секој ентериер.
За изработката на оваа ламба не ви е потребен алат, туку само малку труд и многу фантазија:
Потребен материјал:
- Шраф
- Навртка која одговара на шрафот
- Маркер
- Скалпел
- Самолеплива лента
- Флексибилен и тешко запалив материјал (посебна хартија, кожа, платно или жица)
- Кабел за грлото на светилката
Начин на изработка:
1. Исечете го материјалот за абажур. Стандардната величина за изработка е 22 x 28cm, но вие можете да експериментирате и со други димензии.
2. Свиткајте го материјалот на тој начин што со него ќе направите капа, а потоа со маркер обележете го местото на кое ќе го поставите шрафот. Конусот прицврстете го со самолепливата лента и исправете го доколку е потребно, односно за да не погрешите при дупчењето на дупка за шрафот.
3. Одвиткајте го материјалот и ставете го на рамна површина и тогаш продупчете ја дупката за шрафот. Потоа, повторно свиткајте го во капа, но сега тоа нека биде околу кабелот.
4. Вметнете го шрафот на обежеленото место, зацврстете го материјалот сè додека не го добиете посакуваниот облик, а потоа ставете ја навртката на штрафот за да го зацврстите дизајнот. Поставете ја светилката на грлото и задолжително проверете дали го допира абажурот.
5. Кабелот закачете го на посакуваното место и вашата нова висечка ламба е подготвена за употреба.