Паметен будилник за љубителите на кафе
-->
Според идејата за совршено утро, британскиот дизајнер Joshua Renouf се досетил како на сите да им обезбеди одличен почеток на денот.
Наместо со досаден звук, утрото во неговата глава започнува со мирис на свежо варено кафе кое го буди организмот од најдлабокиот сон.
-->
Механизмот на будилникот е добро осмислен и поврзан со апарат за кафе.
Само неколку минути пред да заѕвони алармот, апаратот започнува со подготовка на свеж кофеински пијалак, па на тој начин секое утро започнува со смирен тон и прекрасна арома.
Би можело да ве интересира:
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото)
Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...
-->
-->