Направи сам: Ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност
Со искорисување на секојдневните предмети, малку вештина и трпение, за кратко време во вашиот дом ќе добиете одлични ламби кои ќе бидат одраз на вашата креативност.
За одреден дел од овие ламби ќе ви бидат потребни рециклирачки материјали, така не само што вашиот дом ќе добие нов изглед, туку и ќе бидете задоволни кога знаете дека сте допринеле за зачувување на природата.
Проектите „Направи сам” се интересни и предизвикувачки, па наместо да потрошите неколку илјади на нова ламба, заштедете и направете си сами, брзо и едноставно.
1. Закачалки за модерна и забавна соба
Не постои некој кој веднаш не би ја забележал токму оваа ламба од закачалки. Изгледа впечатливо и забавно, а сијалицата можете често да ја менувате во различни бои. Начинот на изработка е лесен и едноставен.
2. Претворете ја собата во шума
Доколку сакате нешто сосема поинакво што би го истакнало вашиот авантуристички дух, тогаш оваа ламба е создадена за вас. Иако изгледа комплицирано, со уште еден пар раце од вашите пријатели со сигурност ќе успеете да создадете сопствена шума во домот.
3. Забава на отворено
Ви здодеа старата „диско топка” од забавите на отворено? Направете ја следната забава во вашиот или дворот на некој од вашите пријатели, со нешто ново кое сите ќе ги воодушеви. Оваа ламба е направена од делови од велосипед и дава спектакуларен светлосен ефект.
4. За боемите
Една од највпечатливите во оваа листа е токму оваа ламба која е направена од шешири. Овој тип на ламби би изгледале одлично во просторија со полица книги. Доколку домот ви е во боемски стил ова е нешто што мора да го имате.
5. Поинакво кујнско светло
Време е за промена во кујната, а за да постигнете промена направете ги овие едноставни ламби од неколку рендиња. Оваа ламба е многу интересен додаток за кујнската просторија.
6. Искористете ги миленцата
Направете нешто добро со старите миленца од вашите баби и поставете ги да го осветлуваат вашиот дом. Оваа ламба би била одлична за детската соба.
7. Во облаци
Заспивајте под облаците. Ова е уште една интересна ламба која може, но и не мора да биде само за во детската соба. Лесна е за правење, а со сигурност ќе направи еден посебен светлосен ефект.
8. Лименки
Не ги фрлајте празните лимени, наместо тоа, од нив изработете ламба за вашата работна маса. Оваа ламба се изработува од самиот отварач на лименката, а вие ќе имате уникатно осветлување.
Можеби вашата нова купена ламба никој нема да ја забележи, но овие рачни изработки нема да останат незабележани. Со малку труд ќе го добиете посакуваниот резултат.
Која од овие ламби ја посакувате во вашиот дом?