Почна ретроградниот Марс - кои четири хороскопски знаци ќе бидат најпогодени?
Овен - Во наредните два и пол месеци ќе чувствувате дека ви недостасува волја и мотивација да ги завршувате секојдневните обврски, па дури можно е да забележите дека губите интерес за сѐ што се случува околу вас.
Марс е богот на војната, страста, амбицијата и сексуалноста, а она што го води е инстинктот. Кои хороскопски знаци ќе бидат најпогодени од ретроградното движење на оваа планета?
На секои 26 месеци Марс се движи ретроградно и вообичаено ова движење трае околу 72 дена.
Годинава, планетата на војната, агресијата и импулсивното однесување почна да се движи ретроградно од 30-ти октомври и ќе биде во таа фаза сѐ до 12-ти јануари 2023-та година.
Кога Марс се движи наназад кај некои хороскопски знаци тоа може да предизвика да чувствуваат дека немаат доволно мотивација и волја во сите аспекти од животот, а годинава 4 хороскопски знаци ќе бидат најпогодени од негативното влијание на планетата.
Кои се тие?
Овен
Марс е планетата владетел на Овен, па заради тоа, припадниците на овој хороскопски знак најсилно ќе го почувствуваат негативното влијание од планетата.
Во наредните два и пол месеци ќе чувствувате дека ви недостасува волја и мотивација да ги завршувате секојдневните обврски, па дури можно е да забележите дека губите интерес за сѐ што се случува околу вас.
Очекувајте бурни расправии, со кои нема да постигнете ништо, а ќе си предизвикате непотребен стрес. Кога ќе помине ретроградната фаза на Марс ќе сфатите дека можеби проблемот е кај вас и треба да бидете повнимателни во тоа како комуницирате со луѓето и да најдете соодветен начин за да ги искажете сопствените емоции.
Близнаци
Ретроградниот Марс започнува во Близнаци па заради тоа претставниците на овој хороскопски знак ќе мораат сериозно да работат на себеси и да сфатат дека гордоста во некои случаи им претставува пречка.
Ова е период во кој ќе настојувате сериозно да го наметнете сопственото влијание и да се докажете себеси. Ќе имате повеќе нервозни и емотивни испади кои ќе ви овозможат да се ослободите од насобраниот гнев.
Ова ќе биде одлична прилика да научите како да го контролирате гневот и да го пренасочите во позитивна насока. Дозволете му на ретроградниот Марс да ве научи како да ги искажете негативните емоции на позитивен начин.
Скорпија
Во овој период ќе се соочите со огромна дилема – истовремено имате зголемена потреба за интимност, но се плашите да ги покажете сопствените чувства.
Копнеете да ја најдете вистинската личност со која можете да се поврзете, а станувате значително посесивни и ќе бидете преокуопирани со ограничувањата на емотивно ниво што си ги поставувате себеси.
Ако чувствувате дека не добивате доволно љубов и поддршка од партнерот, ова ќе биде период во кој што јасно ќе барате од него да ви покаже поголема наклонетост. За вас ова ќе биде период во кој ќе им се препуштите во целост на страстите.
Стрелец
Ако со некои луѓе во изминатиот период имавте проблеми да постигнете заеднички јазик, во наредните 2 и пол месеци можете да очекувате тој однос да премине во целосно ривалство.
Очекувајте голем број расправии и конфликти, како со непријателите, така и со блиските.
Ако сте во сериозна врска, ова ќе биде период во кој тешко ќе успевате да го контролирате гневот и овој период ќе ве стави на тест за трпение.
Ќе сфатите дека кога дејствувате инстинктивно предвреме ги откривате своите карти, емоциите не ви дозволуваат да донесете разумни одлуки, а заради тоа ја губите самодовербата.
Б. С. Б. | Црнобело