Кои хороскопски знаци не се поднесуваат (и не можат да работат во иста канцеларија)?
Овенот и Девицата ќе се борат за превласт, на Близнаците им пречи незрелото однесување на Рибите, а Стрелците не можат да го поднесат тоа што Раковите трошат премногу време на минатото и не знаат да простат. Кои хороскопски знаци не можат да се поднесат еден со друг?
Според астролозите постојат хороскопски комбинации со целосно спротивставени карактерни особини заради што тие не можат да се поднесат и многу тешко можат да работат заедно во иста просторија.
Можеби не постои отворено непријателство меѓу нив, но секогаш има по некоја особина што на едниот или на другиот не му се допаѓа и што може да биде причина за конфликти.
Кои хороскопски комбинации многу тешко комуницираат меѓу себе и зошто?
Овен и Девица
Можеби ви звучи чудно, но Овенот и Девицата може многу брзо да станат непријатели.
Станува збор за карактери што се мошне тврдоглави и лидерски настроени, коишто не прифаќаат лесно наредби, па заради тоа имаат проблем со комуникацијата.
Тешко соработуваат заедно затоа што едниот секогаш сака да доминира со другиот.
Лав и Скорпија
На Скорпиите им е тешко да најдат заеднички јазик со Лавовите заради нивниот натпреварувачки дух.
Лавот не може да поднесе тоа што Скорпијата има силно его и постојано е фокусирана врз себеси. Освен тоа, на Лавовите многу тешко им успева да ги убедат Скорпиите дека само тие се во право, а сите други грешат.
Јарец и Вага
Јарците постојано сакаат да се дружат и да комуницираат со сите луѓе со коишто имаат можност да го направат тоа, додека Вагите, пак, премногу го ценат сопствениот приватен простор и не поднесуваат кога некој им се меша во нивната приватност.
На Јарците не им се допаѓа тоа што Вагите сакаат постојано да им угодат на другите и се обидуваат да балансираат, за да не навредат никого.
Рак и Стрелец
Кога на Ракот не му се допаѓате тој гласно ќе ви го каже тоа, а припадниците на овој знак се познати по тоа што емоциите ги чувствуваат многу посилно од другите знаци, па заради тоа тешко забораваат ако некој некогаш ги повреди.
На Ракот му пречи тоа што Стрелецот брзо заборава и не троши време на минатото, туку е фокусиран на иднината, додека пак за Стрелецот, Раковите се слаби карактери што не можат да се ослободат од оковите на минатото.
Риби и Близнаци
На Близнаците им пречи постојаниот оптимизам на Рибите, а дополнително сметаат дека тие имаат нереални соништа и живеат во некој свој свет.
Јасно е зошто на прагматичните Близнаци кои се постојано сконцентрирани на решавањето проблеми и наоѓањето долгорочни конкретни решенија би им пречело таквото „незрело“ однесување на Рибите.
Б. С. Б. | Црнобело