9-те најдобри љубовни парови, според хороскопот
Јарец + Бик
Двата знака можат да формираат хармонична врска, во која еден на друг нема да се плашат да си дадат време за секој од нив да ги постигне своите цели. Тие се привлекуваат на некој приземјен начин и сензуални се, иако се крути на моменти.
Имаат слични идеали, интереси и нивото на посветеност ги прави компатибилни. Сакаат луксуз и убави работи и понекогаш имаат потреба едноставно да останат дома.
Скорпија + Лав
Двата знака се различни, но исти во желбата да воспостават стабилно партнерство. Знаат како да ги измазнат различностите и да го тргнат егото на страна, кога станува збор за љубовта.
Тие се неверојатно амбициозни и се родени лидери, па затоа имаат специјална врска, која неверојатно функционира, иако површински гледано немаат ништо заедничко.
Бик + Рак
Двата знака воспоставуваат врска базирана на доверба, блискост и споделени вредности. Знаат како да си ги прифатат различностите и не се фокусираат на маните еден на друг.
Ја користат секоја можност да учат еден од друг и да преземат од добрите карактеристики на партнерот.
С. С. | Црнобело