Почна нов ретрограден Меркур: Кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најпогодени (и што да очекуваат)?
Девица
Девиците знаат дека кога Меркур ќе почне да се движи ретроградно, нивниот свет почнува да се распаѓа, што е сосема логично ако се земе предвид дека тоа е планетата што владее со овој знак.
Почетокот на ретроградниот Меркур ќе ги натера Девиците добро да размислат за тоа како се справуваат со финансиите.
Можна е поголема финансиска нестабилност што ќе ги натера да направат детална пресметка на буџетот и добро да размислат како ги трошат парите.
Со влегувањето на Меркур во нивниот знак (по 23-ти септември), Девиците ќе се соочат со уште поголеми фрустрации.
Можна е отежната комуникација, проблеми со изразувањето, а ќе се чувствуваат како минатото да ги прогонува и да не им дава мир.
За Девиците ќе биде најважно да не се противат на ваквото влијание, туку само да се препуштат на влијанието на планетата и секако да не брзаат со носењето одлуки.
Вага
Со оглед на тоа што ретроградниот Меркур почнува од нивниот знак и Вагите ќе се соочат со повеќе проблеми.
Тоа особено ќе се одрази на оние личности што имаат проблем со самодовербата, па можно е уште повеќе да си создадат искривена слика за реалноста.
Со оглед на тоа што владетел на Вагата е Венера – планетата на љубовта и убавината, за Вагите е мошне важен изгледот, а во овој период можно е да не се чувствуваат комотно во сопствената кожа и да не му веруваат на одразот во огледалото.
По 23-ти септември Вагите ќе се сконцентрираат многу повеќе на минатото и на потиснатите спомени. Можно е да се сконцентрирате на справување со некои трауми од минатото со кои не сте расчистиле.
Ова може да биде одличен период да се справите со ваквите проблеми доколку подолго време сте ги потиснувале.
Б. С. Б. | Црнобело