Вашиот месец на раѓање открива каков партнер ви е потребен во животот (и во креветот)
ЈУЛИ
Потребен ви е маж кој ќе ве обожава затоа што сте тоа што сте. Вашата природа е таква што ги привлекувате сите околу себе, затоа заслужувате некој кој е доволно сигурен во себе и тоа нема да му пречи. Не ви треба некој да ви каже „малку да се смирите“ за да се чувствува подобро за себе.
АВГУСТ
Вам ви е потребен некој кој не се плаши да биде искрен, кој ќе ви го каже дури и она што не сакате да го слушнете. Вашата личност е пример за многумина и имате карактеристики на вистински лидер.
Затоа ви треба доволно силен маж кој нема да ви дозволи да правите што сакате, особено да го прегазите. Што не значи дека нема да се гордее со вас. Едноставно, ќе одржува рамнотежа.
СЕПТЕМВРИ
Никогаш не сакате да престанете да учите нови работи и да стекнувате нови искуства. Затоа ви треба партнер кој нема да ве кочи. Но и некој на кој нема да му биде тешко да вложи малку повеќе напор за да влезе подлабоко во вашето срце.
ОКТОМВРИ
Имате толку многу љубов и добрина во себе, што луѓето често пати ги земаат здраво за готово. Затоа вашиот маж треба да има исти или слични карактеристики за да внесе уште повеќе радост и љубов во вашиот живот, а не болка и страдање.
НОЕМВРИ
Исклучително сте вредни и креативни, но понекогаш можете да бидете повлечени и тивки. Затоа ви треба маж кој ќе ги сака сите ваши страни и кој секогаш ќе се труди да се чувствувате пријатно. Почекајте го оној кој ќе ве сака такви какви што сте.
ДЕКЕМВРИ
Ви треба некој кој секогаш ќе биде подготвен за забава. Вие сте весела личност полна со енергија и ви треба некој кој ќе ве поттикне да се развивате како такви, а не некој што ќе ве сопира.
Мажот кој е за вас ќе ја сака вашата духовитост и наивна природа, но ќе биде и доволно сериозен кога е потребно. Пред сè, ви треба некој кој може да ве насмее во клучните моменти.
(О)Милена | Црнобело