Љубовен хороскоп за јули 2022: Бикови – партнерот ќе ја открие вашата тајна, Лавови – ве очекува месец полн со забава
Девица
Ако сте во врска
Во првата половина од месецот ве очекуваат многу несогласувања со партнерот – од расправии за излегување, до расправии за домашни обврски. Во втората половина од месецот можно е да го подобрите односот, но само ако му покажете повеќе разбирање на партнерот. Потрудете се и да му приредите некое романтично изненадување, особено ако одамна не сте направиле нешто слично.
Ако сте слободни
Во првата декада од месецот ќе запознаете многу личности, но никој нема да ви остави некој голем впечаток. Ќе имате различни мислења и ставови со скоро сите, па нема да бидете расположени за ништо повеќе од обичен разговор. Но, втората декада од јули ќе ви донесе познанство со личност која ќе ви изгледа како вашата сродна душа. Сепак, нема да брзате бидејќи уште не сте сигурни дали сте подготвени за сериозна врска.
Вага
Ако сте во врска
Во првата половина од месецот можни се многу несогласувања со партнерот, најмногу поради домашните обврски. Ќе ви биде тешко да направите компромис и ниту еден од вас нема да сака да попушти. Втората половина од јули ќе ви помогне да ги надминете недоразбирањата – партнерот ќе покаже поголема инцијатива, а вие ќе покажете повеќе разбирање.
Ако сте слободни
Овој месец ќе ви биде тешко да најдете личност со исти интереси како вас. Нема да излегувате и поголемиот дел од времето ќе го поминете затворени дома. Во втората половина од јули сето ова ќе се промени, па ве очекува познанство со личност чии квалитети ви се од голема важност. Но, оваа личност нема да биде слободна, па ќе треба да одлучите дали сакате да почнете да се гледате во тајност.
Скорпија
Ако сте во врска
Овој месец значително ќе го подобрите односот со партнерот – ќе минувате многу време заедно и ќе ги задоволувате сите ваши потреби. Кон крајот на месецот можно е да отидете на заедничко патување кое дополнително ќе го зајакне вашиот однос. Сепак, можни се мали расправии поради вашата желба да го контролирате секој аспект од врската.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе запознаете личност која нема да ги крие нејзините чувства кон вас. Благодарение на смислата за хумор и начинот на комуникација, оваа личност брзо ќе ве освои и ќе почнете да се гледате. На почетокот нема да сакате ништо сериозно, но уште следниот месец можно е да се родат силни чувства.
Стрелец
Ако сте во врска
Овој месец ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот, а благодарение на ова ќе најдете решение за проблемите што ве мачат неколку месеци. Но, хармонијата може да биде нарушена поради несогласувањата за финансиите. До крајот на месецот ќе се ослободите и од овие проблеми, а можно е да одите и на заедничко патување.
Ако сте слободни
На почетокот од месецот ќе запознаете личност која ќе ве освои со нејзината интелигенција. Набрзо ќе сфатите дека имате многу заеднички теми на разговор и вистински ќе ви годи друштвото со неа. Иако активниот друштвен живот на оваа личност може да ви претставува проблем, сепак ќе се зближите и можно е да почнете врска.
Јарец
Ако сте во врска
На почетокот до месецот драстично ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот. Добро ќе се разбирате и ќе почнете да правите планови за следниот период. Во втората половина од јули нештата ќе се подобруваат. Ќе имате можност дополнително да го продлабочите односот со партнерот, особено ако одите на некое патување.
Ако сте слободни
Ќе запознаете личност која е отворена и комуникативна, а токму ова ќе ве освои уште при првата средба. Ќе почнете да излегувате почесто и ќе сфатите дека имате многу заеднички нешта. До крајот на месецот најверојатно ќе почнете врска која има потенцијал да трае.
Водолија
Ако сте во врска
Овој јули главниот фокус со партнерот ќе ви биде заедничкиот дом, па можно е да почнете со реновирање. Ќе имате можност да поминувате многу време заедно и, генерално, првата половина од месецот ќе помине во хармонија. Кон крајот од месецот пробајте да не криете ништо од партнерот ако не сакате да го нарушите добриот однос.
Ако сте слободни
Ве очекува познанство со личност која се истакнува со својот стил и начин на живот. А, токму поради оваа уникатност вистински ќе ви се допадне. Заедно ќе излезете неколкупати во текот на месецот, а ова само ќе ги засили вашите чувства кон неа. До крајот на јули најверојатно ќе почнете врска.
Риби
Ако сте во врска
Во првата декада од месецот ве очекуваат многу интимни мигови со партнерот кои значително ќе ве зближат. Ќе имате и можност да се забавувате, но и двајцата бидете повнимателни со вашите финансии. Во втората половина од месецот ќе ја подобрите и комуникацијата, а со тоа ќе решите многу проблеми во врската.
Ако сте слободни
Ве очекува познанство со срамежлива личност која веднаш ќе ви се допадне. На почетокот ќе ви биде тешко да ја на терате да разговара со вас, но набрзо и таа ќе сфати дека имате многу заеднички нешта. Речиси веднаш ќе почнете да се гледате, а поради хармонијата во односот, до крајот на месецот ќе почнете и врска.