4 хороскопски знаци кои остануваат без скршен денар на половина месец (и зошто)
На кои хороскопски знаци платата не им стигнува до крај на месец и паричникот им е празен уште на половина месец, па бројат денови до плата, дури и кога земаат висока плата? Едноставно се „уништувачи“ на парите...
Да се менаџира со пари е навистина тешко и колку и да заработувате ако не раководите мудро со нив на крајот пак ќе немате.
Некои хороскопски знаци се токму такви, едноставно не знаат како со парите.
Платата едвај им стигнува до половина месец и потоа имаат главоболки.
Хороскопски знаци кои остануваат без скршен денар на половина месец:
Стрелец
Трошат многу пари на облека, накит и излегувања. Едноставно не можат да се сопрат, трошат не само за себе, туку и на други луѓе.
Бик
Сакаат убави работи во животот, па не прифаќаат ништо помалку од луксуз. Водат раскошен животен стил и потоа остануваат со празен паричник.
Риби
Тие купуваат импулсивно и можеби се најлошиот хороскопски знак кога станува збор за раководењето со финансиите. Често даваат и многу пари во хуманитарни цели и хумано ги ставаат потребите на другите луѓе, пред своите.
Вага
Тие сакаат мигови кои „злато вредат“. Си дозволуваат луксузни третмани, па ги канат пријателите на настани, ги честат и воопшто не мислат на штедење пари за во иднина.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com