Како раскинуваат хороскопските знаци – Кој бесчувствително ќе ве откачи, а кој ќе ве „влече“ за нос?
Кој раскинува со партнерот без да му трепне око, а кој прави вистинска драма? Кој е агресивен и знае да предизвика расправија за да стави крај на врската, а кој почнува да го игнорира партнерот? Како ставате крај на врските според хороскопскиот знак?
Според астролозите хороскопскиот знак влијае и врз тоа на кој начин вообичаено ставате крај на романтичните врски.
Овен
Овните кога сакаат да стават крај на врската вообичаено предизвикуваат бурна расправија.
Тие не сакаат премногу да објаснуваат зошто донеле таква одлука, туку јасно и гласно на партнерот ќе му кажат дека е крај и воопшто не им е грижа за неговите солзи или чувства.
Бик
Кога решиле нешто, решено е.
Ако Бикот одлучил да стави крај на романтичната врска не можете да го разубедите на никој начин дека можеби би требало да размисли уште еднаш и да ја преиспита сопствената одлука.
Ако одлучиле дека е време за разделба ќе му го кажат тоа директно на партнерот и ќе си заминат.
Близнаци
Близнаците се познати по тоа што често ги менуваат одлуките и брзо им станува здодевно. Така што нивната одлука за раскинување честопати се јавува како „гром од ведро небо“.
Во понеделник се вљубуваат, а веќе во вторник ви велат дека им е потребно време за да размислат.
Во среда веќе се студени во односот, затоа што веќе размислуваат за новите авантури што ќе ги започнат од следниот понеделник.
Рак
Раскинувањето со Раковите некогаш може да наликува на латино-американска сапуница.
Тие се мошне чувствителни, сентиментални и романтични, па така разделбите ги поднесуваат мошне тешко, а за време на раскинувањето свесни се дека ќе пролеат многу солзи, затоа што се свесни дека ќе им биде потребно долго време за да се прилагодат на новиот начин на живот.
Лав
Лавовите од секое раскинување знаат да направат драма.
Очекувајте дека врската ќе ја прекинат со некој голем и драматичен гест, со што ќе бидат сигурни дека уште долго ќе ги паметите.
За Лавовите разделбите секогаш потсетуваат на сценаријата од романтичните филмови The Notebook или Month of Love.
Девица
Му најавуваат на партнерот дека треба сериозно да разговараат.
Тие за разделбите се подготвуваат мошне сериозно, а понекогаш и по еден месец пред разделбите.
Девиците може да делуваат мошне бесчувствително затоа што може да се случи да го поканат партнерот на вечера, да ја платат сметката и рамнодушно да кажат: „Толку беше“ и да не мислат на вечерата, туку на целата врска.