Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како се справувате со љубовно одбивање, според вашиот хороскопски знак

kako-se-spravuvate-so-odbivanje-spored-vashiot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Одбивање од каков било тип е шок за вас, затоа што ви го нарушува мирот и хармонијата. Ќе го пребродите така што веднаш ќе се пуштите во флерт или ќе поставите заводливи фотки од вас на Инстаграм за да добиете комплименти и да ја зајакнете самодовербата.

Скорпија

Одбивањето ќе го прифатите тивко, затоа што не сакате другите луѓе да дознаат, но веднаш ќе почнете со планирањето на одмазда. Вие ќе држите лутина долго и никогаш нема да го заборавите нанесеното зло.

Стрелец

Вие сте забавни, ведри, авантуристички настроени, но имате и мрачна страна и лош темперамент. Кога сте соочени со одбивање прво зборувате, а дури потоа размислувате и тогаш летаат остри зборови и обвинувања.

Јарец

Кога станува збор за прифаќање на одбивањата, вие сте најзрелиот хороскопски знак. Го прифаќате одбиањето, се фокусирате на духовиот раст и сакате да покажете дека тоа што ве одбиле бил погрешен избор, но сега ќе мора да ги сносат последиците.

Водолија

Вие чудно ги прифаќате одбивањата. Прво не сте свесни зошто ве одбиле, а потоа се однесувате несоодветно, односно по неколку дена може да ѝ пратите порака на личноста за да се дружите како да сте пријатели или како ништо да не се случило меѓу вас.

Риби

Вие сте многу чувствителни и одбивањето го прифаќате со многу, многу солзи. Ќе гледате тажни филмови, ќе се затворите дома и нема да ги прифатите молбите од пријателите да продолжите понатаму. Ќе ви треба многу време.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg