Која е тајната што секој хороскопски знак внимателно ја чува во себе?
Вага
Уживате во воспоставување ред и хармонија, како во вашиот личен живот, така и во односите со вашите соседи. Но, вашата тајна е во тоа што чувствувате дека сте многу далеку од она какви што се претставувате. Вашиот живот е всушност хаотичен, а не нирвана и хармонија, па затоа се чувствувате „лажно“.
Скорпија
Иако сте познати како магнет за луѓе, одлични во процесот на комуникација и често пати воспоставувате длабоки врски со другите, тајната на вашиот знак е во тоа што вие само ги „трпите“ другите. Вистината е дека ужасно посакувате самотија, обожавате да го поминувате времето сами подалеку од сите, бидејќи ова е дел од вашиот себичен карактер.
Стрелец
Познати сте како човек што ризикува, сонувач кој секогаш е во потрага по авантура. Вашата тајна е во тоа што сте во постојан страв и грижа – дали некаде згрешивте, дали донесовте добра одлука, дали избравте правилно … Не сфаќате дека сè во животот е минливо, а жалењето останува да ве јаде како црв длабоко во ноќта.
Јарец
Вашиот живот се сведува на структура, долгорочни цели и планови, кои често пати им ги наметнувате и на другите. Вашата тајна е дека сакате да бидете поспонтани и помалку оптоварени, но не знаете како да го направите тоа. Можеби психолог би ви бил од помош, но прво не сакате да дадете пари за ова, а второ – нема да закрепнете од срамот доколку другите дознаат каде сте биле на советување.
Водолија
Вие сте секогаш во потрага по вистината и се борите за правдата на оние околу вас. Но, она што го криете од другите е дека оваа борба е исцрпувачка и заморна.
Понекогаш се борите за „ред и мир“ затоа што тоа се очекува од вас или да го пронајдете значењето и смислата на животот за кое сметате дека сте го изгубиле некаде по патот.
Риби
Вие сте сонувач и исцелител, а доколку некој ваш близок страда, првиот нагон е да му ги преврзете раните и да му го понудите своето рамо за плачење. Но, тајната што ја криете од другите е дека секојдневно сте под огромен притисок да ја третирате тагата и болката на вашите најблиски како суперхерој. Ова ве преморува, особено затоа што никој нема време и утешни зборови за вашата тага и болка.
(О)Милена | Црнобело