Љубовен хороскоп за јануари 2022: Бикови – магнет за несоодветни личности, Водолии – ќе блескате од што сте сакани

Kому односите со пријателите ќе му бидат хаотични, постојано ќе излегува и на него ќе се лепат несоодветни личности и ќе биде осуден на лоши и површни врски? Кој пак ќе има многу романтични мигови со саканата личност и еден на друг со неа ќе си ја даваат нежноста, што одамна им недостигаше?

ljuboven-horoskop-za-januari-2022-bikovi-magnet-za-nesoodvetni-lichnosti-vodolii-kje-bleskate-od-shto-ste-sakani-01.jpg

Што предвидуваат ѕвездите за вашиот љубовен живот во јануари? Кој ќе има пријатни, а кој непријатни изненадувања?

Дали добро ќе ви започне годината?

Овен

Ако сте во врска:

Уште на почетокот од јануари ќе ви бидат јасни потребите на саканата личност, што ќе ви овозможи незаборавни интимни мигови. Врската ќе ви биде постабилна од кога била, а со партнерот ќе се согласите околу заедничките цели. На 29-ти јануари веќе сосема јасно ќе биде што ви ја нарушуваше стабилноста со партнерот минатата година, па сега ќе имате посилна заедница од кога било.

Ако сте слободни:

На почетокот од јануари можно е да се вљубите во личност која е чувствителна по природа, романтична, креативна и со бујна фантазија. На почетокот оваа личност ќе ви изгледа повлечена и срамежлива, но брзо на спонтан начин ќе ја запознаете вистински и заедно ќе одите на места на кои никогаш не сте биле. Можна е долга и сериозна врска.

Бик

Ако сте во врска:

Околу 11-ти јануари можни се сериозни кавги и несогласувања со партнерот. Причина за ова ќе бидат финансиите, како и минувањето многу време со пријателите и запоставување на саканата личност. Вашиот партнер ќе реагира драматично и многу емотивно. Дури кон 24-ти јануари ќе дојде до смирување на тензијата, ќе се поврзете преку заедничките интереси и врската ќе добие нова динамика.

Ако сте слободни:

Односите со пријателите ви се хаотични, постојано ќе излегувате и на вас ќе се лепат несоодветни личности. Можно е со некоја од нив да воспоставите интимен контакт и потоа да имате проблеми. Дури кон крајот на месецот ќе запознаете личност со која ќе можете да градите стабилна врска. Конечно ќе имате некој позитивен пример, кој ќе ве инспирира да бидете подобра верзија од себеси.

Близнаци

Ако сте во врска:

Во љубовната врска или бракот ќе имате период на голема вознемиреност и со саканата личност ќе бидете како куче и маче. Нема да имате разбирање од страна на партнерот и нема да се согласувате во поголемиот дел од вашите ставови. Од вас ќе очекува иницијатива за некои работи, а вие ќе правите што сакате. Сепак, во втората половина на месецот ќе се случи настан кој ќе ве поврзе на едно поинтимно ниво и двајцата ќе почнете да се трудите околу вашиот однос.

Ако сте слободни:

Во првата половина од јануари ќе претерувате со излегувањата, забавите и авантурите. Емоциите ќе ви бидат нестабилни. Во втората половина од месецот ќе запознаете личност која магнетски ќе ве привлече и со која брзо ќе стапите во интимни односи. Сепак, можно е овој однос да прерасне во нешто многу посилно.

Рак

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот ќе имате многу романтични мигови со саканата личност. Еден на друг ќе си давате нежност, нешто што одамна ви недостигаше. Конечно ќе научите да правите компромиси и работите да ги правите на начин соодветен за обострано задоволство. Еден на друг ќе си бидете ветер во грбот за нови успеси на секое поле.

Ако сте слободни:

Јануари ќе ви донесе огромна можност да се запознаете со личност со која ќе сакате да бидете во долга и сериозна врска. Можно е лесно да се вљубите по само една средба со некој што ќе ви покаже огромна наклонетост. Ќе бидете малку несигурни во себе, но директниот пристап на оваа личност ќе направи да се почувствувате вредни за љубов.

Лав

Ако сте во врска:

Со саканата личност одлично ќе се разбирате и отворено ќе разговарате за иднината и заедничките планови. Еден на друг ќе си бидете рамо за плачење и најголема потпора еден на друг. Со некое ново хоби ќе си го подобрите квалитетот на односот. На крајот јануари можни се мали несогласувања, поради недостиг од забава и динамика во секојдневието.

Ако сте слободни:

Личност што ќе ја запознаете преку некој ваш пријател ќе се истакне по интелигенцијата и оригиналноста и ќе ве привлече на неверојатен начин. Времето ќе го минете во уживање во интересни разговори со оваа личност. Во втората половина од јануари ќе размислувате за прекин на оваа врска, но осигурајте се дека навистина сте ѝ дале шанса.

Девица

Ако сте во врска:

Ќе имате забавен период, но никогаш нема да заборавате на партнерот и на неговите потреби. Од друга страна можни се несогласувања со членови од семејството, што ќе внесе мала тензија во вашиот дом. Партнерот ќе покаже и љубомора. Со истрајност ќе успеете да ги вратите мирот и хармонијата во домот.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете две личности, една која е уметнички тип и друга која ќе зрачи со моќ и авторитет. Ќе ви биде тешко да се одлучите за една од нив и ќе бидете резервирани. Ве мачи некое старо разочарување, но време е работите од минатото да ги оставите зад себе и да впловите во некоја нова врска.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
Како да поканите маж на љубовен состанок, според неговиот хороскопски знак? Лавовите сакаат драма, па поканете го на состанок кога ќе биде опкружен со многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg