Хороскоп за љубовна карма: 11 парови од астрологијата на кои им е судено да бидат заедно
Вага и Бик
Главната доблест на овие два знака е искреноста и меѓу нив никогаш нема да има измами или лаги.
Тие се многу посветени на партнерот, што им помага да ги научат и најмалите детали за својата друга половина.
Девица и Близнаци
Кај овие два знака, интелигенцијата игра пресудна улога во заведувањето. Љубопитни се, уживаат да истражуваат и ќе разговараат на сите можни теми до раните утрински часови.
Девицата и Близнаците прво ќе остварат силна емотивна конекција базирана на интелигентни разговори и искрена комуникација, бидејќи за нив ова претставува вистинска интима. Сексот доаѓа подоцна, но и тој е прилично експлозивен.
Риби и Скорпија
Ова е љубов за цел живот. Двата знака имаат огромна доза на почит кон своите партнери, што ги прави идеален пар.
Уживаат во мирна, домашна средина, дружење со пријателите, нови знаења и сензуални допири.
Скорпија и Рак
Скорпијата и Ракот се хранат со љубовта и страста кон партнерот. Со оглед на тоа што Скорпијата се смета за најстрастен знак, а Ракот за најемотивен, јасно е зошто тие се совршена комбинација.
Кога станува збор за сексот, овие два знака се родени да бидат заедно.
Стрелец и Овен
Ентузијазмот и големата количина на енергија владеат со оваа комбинација. Иако постои верување дека спротивностите се привлекуваат, овие два знака се речиси идентични и формираат една од најсилните врски во зодијакот.
Тие се многу силни и ништо не може да ги спречи во она што го планираат.
Јарец и Бик
Постои причина зошто меѓу овие два знака постои неопислива привлечност. И Јарецот и Бикот поседуваат нешто за што другите знаци можат само сонуваат: бескрајна љубов.
Љубовта што ја има во оваа комбинација на знаци може да трае вечно и тие навистина да уживаат до последниот миг.
(О)Милена | Црнобело