Хороскоп за љубовна карма: 11 парови од астрологијата на кои им е судено да бидат заедно

Овен и Водолија, Бик и Рак, Стрелец и Овен - на кои хороскопски знаци им е судено да бидат заедно?

11-astro-kombinacii-na-znaci-na-koi-im-e-sudeno-zaedno-01.jpg

Според астрологијата, некои парови прават експлозивни комбинации и речиси е невозможно да се разделат.

Кога ќе се каже изреката „Запишано е во ѕвездите“, се мисли на следните 11 астро-комбинации на кои им е „судено да бидат заедно“:

Овен и Водолија

Кога се заедно, овие два знака си поминуваат фантастично. Водолијата и Овенот имаат ист авантуристички дух, а нивната комбинација е совршена и во креветот, и надвор од него.

Уживаат да истражуваат и да испробуваат нови работи, особено доколку тоа го прават тимски. Водолијата и Овенот секогаш ќе ја одржуваат својата врска силна и интересна.

Бик и Рак

Припадниците на овие знаци целосно се разбираат еден со друг. Кога ќе се најдат во романтична врска, потребен им е многу краток период за физичка и емоционална поврзаност.

И двата знака знаат да го ценат партнерот, па со леснотија и уживање ќе ја градат врската која ќе трае долго.

Близнаци и Водолија

Кога се во близина, овие два знака можат да се почувствуваат како да се познаваат со години. Креативноста и лудите идеи се карактеристични за Водолијата, но и за Близнаците, па во врската никогаш нема да им биде досадно.

И Водолијата и Близнаците не се грижат за туѓото мислење. Поради оваа причина, тие ќе уживаат и максимално ќе го искористат секој момент поминат заедно.

Рак и Риби

Меѓу овие два знака постои космичка врска. Како претставници на водените знаци, и двајцата се многу емотивни и се грижат за своите најблиски.

Тие ќе направат секој што ќе се најде во нивното друштво да се чувствува убаво, без исклучок. Оваа врска е многу тешко да се раздвои, речиси невозможно.

Лав и Стрелец

Нивото на страст е многу високо кога станува збор за поврзаноста на двата огнени знака. Нивната страст се рефлектира и во односот со партнерот, и во исполнувањето на животните цели.

Тие се многу харизматични и ја отсликуваат чудната енергија поради која сите сакаат да бидат во нивно друштво.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Совршени зимски дестинации низ Европа за секој хороскопски знак Овен – Лондон со својата дива енергија е нивниот духовен дом. Овен – Лондон с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg