Лавот – „Јас можам“, Водолијата – „Јас знам“ – Мотото на секој хороскопски знак
Вага: „Јас балансирам.“
Како типична Вага, пацифист и роден дипломат, овој знак умее да воспостави рамнотежа во секоја ситуација. Мирољубивата природа ѝ овозможува на Вагата да внесува љубов и хармонија секаде каде што ќе влезе.
Скорпија: „Јас посакувам.“
Кога Скорпијата ќе науми нешто, навистина малку работи може да ѝ се најдат на патот. Таа се одликува со страст, ентузијазам и многу длабоки, интензивни чувства. Сака или мрази со целото срце, а она што го посакува обично и го добива.
Стрелец: „Јас копнеам.“
Стрелецот се одликува со вроден оптимизам, шарм и заразна енергија. Не можете да го врзете на едно место, неговиот дух е нескротлив и жив, па најчесто копнее по слобода, авантури и будење во сечиј друг кревет, освен во сопствениот.
Јарец: „Јас користам.“
Ако постои знам кој одлично може да ги искористи луѓето и можностите, тоа е Јарецот. Тој нема скрупули ниту пак грижа на совест. Ќе искористи сè што му се нуди пред него и ќе зграби што е можно повеќе за себе.
Водолија: „Јас знам.“
Водолиите се по малку самобендисани, бидејќи се природно интелигентни и мошне свесни за сопствените способности. Имаат акумулирано огромно знаење и искуство, па не е чудно што се „дежурни сезнајковци“ во друштвото.
Риби: „Јас верувам.“
Рибите веруваат во идеали, во добрина, во љубов и подобро утре. Иако овие „наивни“ размислувања понекогаш ги чинат мошне скапо, тие никогаш нема да се откажат од вербата и надежта за една поубава иднина.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





