Лавот – „Јас можам“, Водолијата – „Јас знам“ – Мотото на секој хороскопски знак
Секој од 12-те хороскопски знаци си има своја мантра, односно свое мото по кое живее. За некого тоа е „Јас мислам“, за друг „Јас посакувам“.
Дали може да погодите кое е вашето? Доколку сте љубопитни за себе или некој од блиските, продолжете со читање:
Овен: „Јас сум.“
Овенот е автентичен и нема време за лаги и лицемерие. Тоа што го гледате – тоа и го добивате. Најмногу ја цени искреноста и луѓето коишто не се обидуваат да бидат нечија копија.
Бик: „Јас имам.“
Бикот како најголем хедонист ги цени материјалните работи, но и искуствата, доживувањата и луѓето. Она што го поседува му е особено важно и се обидува да го заштити и зачува по секоја цена.
Близнаци: „Јас мислам.“
Овој знак е зависен од комуникација. Се одликува со активен ум кој постојано сака да размислува и истражува. Има жед за знаење и информации, кои воедно се најголемото богатство за Близнаците.
Рак: „Јас чувствувам.“
За Ракот, животот е изгубена битка доколку во него нема емоции. Тој е емпатичен, чувствителен и има тенденција да ги набљудува нештата низ призмата на емоциите. Воедно ги сака луѓето коишто го прават истото како него.
Лав: „Јас можам.“
Лавот е моќен, непоколеблив, и се одликува со силна волја и енергија за остварување на целите. Сè што наумил, Лавот ќе го исполни, па оттука неговото мото не треба да ни доаѓа како преголемо изненадување.
Девица: „Јас анализирам.“
Она што другите најчесто ги заморува, за Девицата е уживање во процесот. Таа има силно изразен аналитички ум и сака да отплеткува замрсени, невозможни ситуации. Умее да анализира логички и практично и никогаш не се уморува од овој процес.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





