Една работа со чија помош секој хороскопски знак ќе успее да се избори со тагата

Вага – Разговор со пријател или психијатар

Праведните и комуникативни Ваги, кога доживуваат тага се чувствуваат помалку чудно и нестабилно.

Вешто ги кријат емоциите, затоа што постојано сакаат другите луѓе за нив да веруваат дека се исполнети со живот и со позитивни мисли.

Сепак, на Вагите добро би им дошло да најдат некого кому ќе можат да му ги доверат сопствените мисли и емоции, без разлика дали станува збор за близок пријател или за психијатар.

shto-mu-treba-na-sekoj-od-znacite-za-polesno-da-se-spravi-so-tagata-08.jpg

Скорпија – Да најдат време за себеси

Познати се како мошне храбри, снаодливи и упорни личности, а не сакаат да го кријат чувството на тага.

Често им се случува да имаат променливо расположение и нивните емоции може да влијаат и врз другите околу нив.

Кога се чувствуваат тажни, добро би било да одвојат малку повеќе време за себеси.

Најдобро е прво сами да се соочат со сопствените емоции, за да избегнат повеќе конфликтни ситуации и да ги повредат другите.

shto-mu-treba-na-sekoj-od-znacite-za-polesno-da-se-spravi-so-tagata-09.jpg

Стрелец – Разговор со некој близок

Стрелците се идеалисти, забавни и галантни луѓе.

Честопати емоциите ги доживуваат премногу силно, а поради тоа може да станат и депресивни.

Мошне се креативни кога станува збор за изнаоѓање решенија за тоа што би направило да се чувствуваат подобро.

Сепак, иако не се склони на тоа да бараат помош кога им е потребна, сепак би било добро да поразговараат со некој близок или со психијатар, затоа што во нивната креативност за изнаоѓање решенија за соочување со емоциите честопати може да бидат и самодеструктивни.

shto-mu-treba-na-sekoj-od-znacite-za-polesno-da-se-spravi-so-tagata-10.jpg

Јарец –  Вежби за да се чувствуваат позитивно

Јарците се познати по самоконтролата, дисциплината и одговорноста, но кога се тажни често се чувствуваат и безнадежно и песимистично, па почнуваат и премногу да размислуваат.

Кога се премногу тажни, ним им е потребно до нив да ги имаат луѓето со коишто се чувствуваат сигурно и на кои што им веруваат.

Исто така добро може да им дојде и доколку најдат добар советник што ќе им предложи вежби за тоа како да се чувствуваат попозитивно и пооптимистично за подобро да ја разберат ситуацијата во која се наоѓаат.

shto-mu-treba-na-sekoj-od-znacite-za-polesno-da-se-spravi-so-tagata-11.jpg

Водолија – Пишување книга за сопствените емоции

Водолиите се уникатни, прогресивни и мошне независни луѓе, што избегнуваат да говорат за сопствените емоции, особено доколку се тажни.

Ним може да им биде корисно доколку ги запишуваат своите емоции и искуства и нивниот развој, а потоа истите да ги споделат со другите луѓе, за да им помогнат.  

shto-mu-treba-na-sekoj-od-znacite-za-polesno-da-se-spravi-so-tagata-12.jpg

Риби – Водење дневник

Кога се тажни, Рибите што и по природа се мошне емотивни, често може да „заглават“ во негативните емоции и да се прикажат како мошне песимистични личности.

За да се ослободат од ваквите негативни емоции неопходно би им било да најдат начин како да му дадат смисла на тоа што го чувствуваат.

Во тоа може да им помогне водењето дневник, медитацијата или разговорот со психијатар.

shto-mu-treba-na-sekoj-od-znacite-za-polesno-da-se-spravi-so-tagata-13.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg