Една работа со чија помош секој хороскопски знак ќе успее да се избори со тагата
На импулсивните Овни им треба медитација, на Раковите им треба уметнички да се изразат, а Водолиите можат да напишат цела книга со сопствените искуства и да им помогнат на другите. Што им треба на хороскопските знаци за да се справат со тагата како емоција?
Секој човек различно се носи со различните силни емоции, а тагата е една од емоциите која што сите ја покажуваме на различен начин.
Во продолжение погледнете како секој од хороскопските знаци се носи со тагата како емоција и како ја покажува.
Овен - Медитација
Храбрите, самоуверени и страсни Овни кога се соочуваат со тагата во животот често знаат да донесат импулсивни одлуки.
Тие најчесто тагата ја прикриваат со лутина или со гнев.
За нив се препорачува во периодот кога се соочуваат со тага да се обидат да медитираат за на тој начин да постигнат баланс меѓу емоциите и да бидат во подобар допир со нив.
Бик – Разговор со блиските
Биковите се мошне доверливи, практични, лојални и одговорни.
Кога се соочуваат со тага тие сакаат да бидат сами, стануваат нетрпеливи и нервозни, а често им се случува да не можат ниту да заспијат.
За да може полесно да се справат со оваа емоција на Биковите им се препорачува да поразговараат со некој што им е близок или пак со психолог за да си олеснат и да ја споделат болката.
Близнаци – Опуштање
Близнаците се мошне срдечни луѓе и се мошне љубопитни по природа. Кога се соочуваат со тага, ним често може да им се случи да паднат во депресија.
За да се справат со тагата, понекогаш им треба само да се опуштат или да ги соберат сопствените мисли со помош на водење дневник.
Рак – Уметничко изразување
Ракот има мошне бујна фантазија, тие се мошне лојални и често многу длабоко ги доживуваат емоциите, а особено тагата.
Кога тагуваат, Раковите често се склони на плачење и се чувствуваат целосно осамени.
За нив може да биде корисно доколку се приклучат на одделни групи за поддршка, затоа што на тој начин ќе може да комуницираат и да разговараат за сопствените емоции.
Дополнително, за нив можеби би било добро и да водат дневник или да се занимаваат со уметност.
Лав – Пишување поезија
Кога тагуваат, Лавовите може да бидат премногу отворени со сопствените емоции, па дури и на некои луѓе околу нив може да им се чини дека претеруваат.
Исто така често им се случува да кажат работи што не ги мислат и да ги повредат другите околу нив.
Тие се од оние луѓе што кога треба да се носат со тагата најчесто се свртуваат кон уметноста. Тоа може да биде пишување песни, сликање, пишување книги со кои што ќе се претстават себеси.
За нив мошне е важно да стекнат одговорност за сопствените емоции и да не реагираат на начин на којшто може да ги повредат луѓето околу себе.
Девица – Молитва
Девиците се лојални, љубезни и вредни, а кога се тажни сакаат да бидат сами.
Може да им се случи да изгубат допир со сопствените емоции затоа што дејствуваат опсесивно.
Исто така, ако се тажни или гневни, често им се случува да бидат песимистични и деструктивни.
За нив се препорачува водење дневник, за да може подобро да ги согледаат сопствените емоции. Од голема помош исто така би им биле и медитацијата и молитвата.