Во една реченица каква е сродната душа на секој хороскопски знак
Вага
Некој кој ќе ги сака нивните пријатели, подеднакво како и нив, затоа што тие се социјални луѓе на кои пријателите им се на пиедесталот и сакаат со нив да минуваат незаборавни мигови и да имаат големи забави.
Скорпија
Некој кој секогаш ќе биде на нивна страна, нема да игра игри со нив и ќе биде искрен, исто како и тие.
Стрелец
Некој кој ги смее до солзи и е оптимист кој го сака животот, исто како и тие, едноставно сакаат денот да им започнува со насмевка.
Јарец
Некој кој ги дели нивните морални вредности и има високи критериуми за работите, исто како и тие, сакаат малку старомодни типови на кои семејството им е на прво место.
Водолија
Некој кој го стимулира нивниот мозок, тие ги ценат мудрите луѓе со уникатно гледање на работите и не би можеле да бидат со човек кој нема цврсто изградени ставови.
Риби
Некој кој ќе ги инспирира и ќе биде поттик за нивната уметничка душа, некој кој ќе ги охрабри да сонуваат и ќе им даде простор да бидат сами кога сакаат да креираат.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





