Една омилена секс поза на секој хороскопски знак (и зошто токму таа)
Биковите ја обожаваат секс-позата „Перек“ затоа што е удобна, мошне сензуална и им овозможува поголема пенетрација.
Која е омилена секс поза на секој хороскопски знак? Британскиот астролог Венди Вилијамс (27) за DailyMail говори на темата.
Омилена секс поза според хороскопскиот знак:
Овен – Ножички
Овните се забавни, енергични и импулсивни. Тие сакаат да пробаат сè барем еднаш или двапати доколку им се допаѓа.
За нив е интересна позата „ножички“ затоа што додека се со партнерот можат да се впуштат во „валкани разговори“ и ја одржуваат акцијата забавна и интересна.
Бик – Перек
Биковите сакаат сензуалност, стабилност и сигурност, а за нив за нешто да се претвори во задоволство – треба да биде удобно.
Свилени чаршави, рози, свеќи и вкусен оброк се задолжителни пред страсна вечер. Идеална поза за нив е „перек“ позата, која нуди стимулација на клиторисот.
Близнаци – Која било секс поза пред огледало
Близнаците се мошне самоуверени и сакаат да се гледаат себеси пред огледало.
Така ги обожаваат сите секс-пози што им овозможуваат да се видат себеси од секој агол.
Рак – Лажичка
За Раковите сексот треба да биде удобен и да е одраз на нивната длабока поврзаност со партнерот.
Тие ја обожаваат позата „Лажичка“ во која слободно може да се впуштат, откако комфорно изгледале некој филм со партнерот.
Лав – Секс на столче
За Лавовите сексот треба да биде безобразен, експресивен, страствен и драматичен. Тие сакаат да бидат во главниот фокус и во фокусот на партнерот.
За нив е одличен сексот на столче, затоа што им овозможува да застанат и да бидат главна ѕвезда во шоуто.
Девица – Тантра секс
Како и за сè друго, така и во сексот за Девиците најважни се деталите. Тие не се плашат да ги забават нештата, за нив сексот е маратон, а не спринт трка.
Според нив тантра сексот е процес за поврзување со душата на партнерот и овозможува размена на нежности и допири.