Што му е потребно на секој хороскопски знак кога има ужасен ден?
Вага – блиските пријатели да ги изнесат во град
Тие не сакаат да бидат сами, особено не на нивните лоши денови. Потребно им е рамо на кое можат да се потпрат, некој кој ќе им каже дека сè е во ред и кој ќе им помогне да продолжат понтаму така што ќе ги одведе на место каде лудо ќе се забавуваат и ќе заборават на сè.
Скорпија – да избегаат од сè
Тие не сакаат да се дома кога им е тешко, потребно им е патување каде никој не ги знае и познава и каде ќе запознаат нови луѓе, а интеракцијата со нив ќе ги ослободи од стрес. Сакаат да бидат на место каде никој не им го знае името и сами да пронајдат начин на релаксација.
Стрелец – да отидат буквално каде било
И тие како и Скорпиите сакаат да заминат некаде, сакаат да истражуваат нова територија и да се фокусираат на позитивните работи во животот.
Јарец – да им се оддаде почит за нивните достигнувања
Тие си ставаат многу притисок врз себе, а особено на лошите денови. Но, ако ги потсетите на сите нивни достигнувања, веднаш ќе им го подобрите расположението.
Водолија – да имаат со кого да дискутираат за филозофски прашања
Тие не признаваат кога им е тешко и најдобар начин да ги извлечете од негативноста е да зборувате на филозофски теми за животот, светот и суштината на постоењето за да бидат потсетени дека светот е поголем од нивните моментални проблеми.
Риби – да знаат дека има на кого да се потпрат
Тие постојано ги проверуваат другите како се кога ќе почувствуваат дека тие имаат проблем. Кога имаат проблем не се плашат да се соочат со сопствените емоции и да се справат сами, но навистина им е од помош ако некој им каже дека е тука за нив и дека им стои на располагање.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





