Љубовен хороскоп за август 2020: Бикови - тајна авантура, Стрелци - потреба од патување со партнерот

За кои парови почетокот од месецот ќе донесе подобрување на односите, кои ќе заминат на одмор, а кои ќе заглават во кавги и несогласувања?

ljuboven-horoskop-za-avgust-2020-bikovi-tajna-avantura-strelci-potreba-od-zaednichko-patuvanje-01.jpg

Годинава ништо не испадна по планот, па најверојатно така ќе биде и со овој месец. Можеби нема да заминете на летната дестинација што си ја посакувавте одамна, но тоа не значи дека не можете да имате незаборавна летна авантура од која ви летаат пеперутки во стомакот.

Што ќе ви донесе овој месец во љубовта? Ќе останете со стариот партнер или ќе побарате подобра опција?

Овен

Ако сте во врска:

Ќе посветите повеќе време на партнерот и семејството. Можно е да отпатувате на летен одмор, но дури и да не се случи ова вие ќе уживате во многу заеднички забавни активности. Има потенцијал за мали несогласувања, но ако внесете некоја новина во вашиот однос, ситуацијата ќе се промени на подобро.

Ако сте слободни:

Повеќе време ќе минувате дома, па ќе бидат можни познанства само онлајн. Но, и вака може да дојде до пријатна комуникација со одредена личност, која може да прерасне во нешто повеќе. Сепак кога комуникацијата ќе дојде до одредено ниво на интимност, за жал, голема е веројатноста да сфатите дека не сте еден за друг.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе имате кавги со партнерот поради различните ставови на тема одмор. Ќе дојде до големо незадоволство и тоа ќе се одрази врз вашата врска. Ќе откриете дури и некоја тајна еден за друг. Ќе биде потребно време и трпение за да го стабилизирате вашиот однос.

Ако сте слободни:

Овој месец нема да биде погоден за да влезете во сериозна емотивна врска. Уште на самиот почеток ќе имате можност за тајна авантура со некоја личност што многу ви се допаѓа физички. Но, од друга страна психички воопшто нема да си одговарате и ќе имате кавги и љубоморни сцени. Нема да сакате да си признаете дека со таа личност нема иднина.

Близнаци

Ако сте во врска:

Повеќе време ќе минувате со пријателите, отколку со партнерот и тоа ќе доведе до заладување на односите помеѓу вас двајца. Потрудете се да ги почитувате ветувањата дадени кон него, ако сакате да ги надминете несогласувањата. Проблем ќе бидат и финансиите околу некое заедничко патување. Само компромисот може да ви ја врати хармонијата.

Ако сте слободни:

Ќе се вљубите на почетокот од месецот во личност која не ви одговара за емотивна врска затоа што е комплетно различна од вас. Новата љубов ќе сака да ве искористи емотивно и материјално и тоа комплетно ќе ве разочара. Можна е нова и вистинска љубов кон крајот на месецот.

Рак

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот ќе имате сериозни несогласувања во врска со важни аспекти од вашиот однос. Ако успеете да ги измазните односите ќе избегнете големи кавги. Ќе ве нервира тоа што партнерот ќе сака да ви постави одредени ограничувања и да ви ги скрати крилјата. Мора да разговарате отворено со него.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате потреба да се повлечете во себе затоа што нема да можете да се пронајдете во комуникацијата со другите луѓе и ќе чувствувате тензија. Дури во втората половина од август ќе запознаете личност што ќе ви остави добар впечаток и ќе се вљубите. Со разговорите на разни теми таа личност ќе ве привлече магнетски.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе се разидете со партнерот во поглед на разликите околу заедничките планови. Поради тоа ќе се повлечете во себе и ќе чекате да дојде мигот кога ќе се смири тензијата. Во втората половина од месецот ќе уживате во заеднички активности и забава. Страста ќе се врати во вашиот живот.

Ако сте слободни:

Во втората половина од месецот некоја личност магнетски ќе ве привлече. На прво место ќе биде изгледот, но потоа ќе сфатите дека навистина има нешто и под површината. Ќе сфатите дека вашиот однос е нешто многу повеќе од само минлива авантура. Заедно ќе ја пронајдете среќата.

Девица

Ако сте во врска:

Со партнерот ќе имате различно ниво на потреба од забава, па тоа ќе доведе до кавга помеѓу вас. Мора да му покажете дека ви е грижа за него и да вложите средства во подобрување на вашите заеднички услови за живот. Можно е да флертувате со други личности, но, за среќа, ќе успеете да ја смирите ситуацијата со партнерот.

Ако сте слободни:

Август е одличен месец за летни авантури. Не е препорачливо да очекувате многу. Можно е флерт, тајни врски и краткотрајна поврзаност со некоја личност. Дури кон крајот на месецот може да запознаете некоја личност што ќе ви одговара за сериозна врска.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg