Љубовен хороскоп за јуни 2020: Биковите ќе се заљубат во пријател, Водолиите ќе почнат заеднички живот

Почетокот на месец јуни кај многу парови ќе донесе тензични односи, љубомора и недоверба, а кај слободните турбулентни случувања - што ве очекува вас овој јуни на поле љубов?

ljuboven-horoskop-za-juni-2020-bikovite-kje-se-zaljubat-vo-prijatel-vodoliite-kje-pochnat-zaednichki-zhivot-01.jpg

Овен

Ако сте во врска:

На почетокот на јуни можни се љубоморни испади помеѓу вас и партнерот. Ќе пројавите сомнеж еден во друг кога станува збор за верност и искреност. Време е да започнете сериозни разговори и да ја решите напнатоста. Ќе ја подобрите комуникацијата. Кон втората половина на месецот можно е уште повеќе да се искомплицира ситуацијата и да излезат на виделина некои тајни. На крајот на месецот ќе имате шанси за ефикасно надминување на кризата.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлече некоја личност на почетокот на месецот и отворено ќе ви ги каже своите намери. Сепак постои голема можност истата личност да биде зафатена, па ќе започнете тајни односи. Меѓу вас ќе владеат страсти, но и интриги. Набрзо ќе сфатите дека се работи за промискуитетна личност, а тоа не ви одговара. Кон крајот на месецот ќе имате јасни ставови и ќе се стремите кон нивно исполнување.

Бик

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот може да добиете замерки од партнерот дека не добива доволно внимание од вас. Времето повеќе го поминувате на социјалните мрежи и во контакт со друштвото отколку со партнерот. Обидете се да направите баланс, наместо еден со друг да си наметнувате доминантност и да предизвикувате кавги. Кон крајот на месецот ќе имате мотивација и ќе ги решите проблемите. Ќе добиете поддршка.

Ако сте слободни:

На почетокот на јуни ќе развиете силни чувства за личност која ви е пријател. Ќе чувствувате љубомора бидејќи љубовта не ви е возвратена на ист начин. Потребата да ги откриете своите чувства ќе ја потиснувате заради доброто на пријателството. Во втората половина друга личност од кругот на пријатели ќе почне да ве опсипува со внимание кое ќе ви годи. Ќе се зближите.

Близнаци

Ако сте во врска:

Во првата декада на месецот во врската ќе владее напнатост. Ќе бидете презафатени со други обврски и нема да обрнувате внимание на односот. Мора да најдете начин и да почнете да се впуштате во повеќе заеднички активности. Во втората половина ќе бидете мотивирани да ја зачините врската и да ги решите проблемите. Ќе разговарате и на теми како заеднички буџет, што претходно ви создавало грижи. Тоа ќе ве зближи повеќе.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ве очекува познанство со личност која ќе ве привлекува со своето однесување, начин на зборување и шарм. Но, може да ви изгледа како недостапна. Ќе бидете неодлучни, но набрзо ќе сфатите дека имате заеднички интереси, па ќе почнете да ги правите чекорите редоследно. Можен е почеток на нова врска.

Рак

Ако сте во врска:

На почетокот, месец јуни ќе ви донесе несогласувања во односите со партнерот. Ќе се појави недоверба и љубомора, но сомнежите многупати ќе ви бидат неосновани. Премногу размислувате наместо слободното време да си го исполните со заеднички активности кои претходно не сте ги правеле. Излезете од монотонијата. Само така ќе ја ублажите напнатоста која владее. Кон крајот на месецот ќе се расположите и ќе почнете да зрачите со сензуалност.

Ако сте слободни:

Поголемиот дел од јуни ќе ви помине без посебни случувања на љубовно поле. Ќе бидете во контакт со повеќе личности, но брзо ќе ги оттурнувате од себе, бидејќи со ништо посебно нема да ви привлекуваат внимание. Дури во втората половина на месецот некој може да ве заинтересира, а дури и во онлајн разговори ќе најдете многу заеднички теми. Можно е да започнете врска, а доколку дојде до тоа, односите ќе ви бидат стабилни.

Лав

Ако сте во врска:

Месец јуни е погоден за да се насочите кон решавање на она што ви пречело во изминатиот период со саканата личност. Обидете се да ја подобрите комуникацијата и да почнете да се препуштате на доверба. Ќе откриете каде лежи проблемот за заладување на односите и ќе најдете начин повторно да се зближите. Во втората половина ќе работите на заедничките цели и ќе си пружите поддршка. Ќе имате повеќе време за меѓусебна забава и активности.

Ако сте слободни:

Ќе ви годи самотијата и нема да имате желба да трошите време на личности кои се обидуваат да ви го одвлечат вниманието на секој можен начин, а притоа немаат квалитети кои ве привлекуваат. Ќе почнете повремено да се гледате со личности кои ви се најблиски, а токму во тие кругови можеби ќе биде донесена личност која ќе ви се допадне и кон која ќе се отворите. До крајот на месецот може да почувствувате нешто повеќе.

Девица

Ако сте во врска:

Во првата половина ќе дојде до разнишување на довербата помеѓу вас и партнерот. Ќе бидете фокусирани само на личните цели, а често нема да споделувате многу работи. Тоа ќе доведе до конфликти. Мора да се случат промени. Во втората половина на месецот очекувајте порадосни моменти и забава во вашиот однос. Кон крајот на месецот ќе постигнете некоја заедничка цел и работите ќе почнат да стануваат стабилни.

Ако сте слободни:

Првата половина на јуни ќе ви донесе разочарувања на љубовно поле. Ќе ве привлекува личност која набрзо ќе покаже сосема поразличен впечаток од првиот. Имате чувство дека никогаш нема да најдете сродна душа. Во втората половина ќе запознаете некој кој на прв поглед ќе ви ги покаже сите вистински квалитети. Ќе имате заеднички теми и интереси, а крајот на месецот носи изненадувања.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg