Љубовен хороскоп за јуни 2020: Биковите ќе се заљубат во пријател, Водолиите ќе почнат заеднички живот

ljuboven-horoskop-za-juni-2020-bikovite-kje-se-zaljubat-vo-prijatel-vodoliite-kje-pochnat-zaednichki-zhivot-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

На почетокот на јуни ќе имате несогласувања со партнерот. Имате чувства дека ви недостасува поддршка и како постојано да сте мета на критики. Саканата личност ќе ви замери на себичност и желба да приспособите сè на вашите потреби. Можна е и љубомора. Во втората половина ќе се фокусирате на врската и семејството. Ќе се ангажирате за заеднички работи и ќе се стабилизирате.

Ако сте слободни:

Почетокот на јуни ќе ви донесе засилени страсти и авантура која ќе биде бурна, но и зачинета со љубомора, заради што ќе заврши исто толку брзо како што почнала. Во втората половина ќе се запознаете или зближите со личност на далечина. Дури и преку пораки ќе најдете заеднички теми и интереси и ќе бидете подготвени и така да се одржувате.

Скорпија

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе завладеат тензични односи, љубомора и пресилни страсти. Често ќе влегувате во конфликти. Можно е некои тајни да излезат на виделина, потребни ви се повеќе интимни и искрени разговори. Кон крајот на месецот полека ќе ги решите проблемите и тешкотиите кои ви создаваат пречки. Ќе уживате во интимна атмосфера која ќе ви годи на двајцата.

Ако сте слободни:

Страстите ќе ви бидат зголемени, а тоа ќе ве вовлече во возбудлива авантура. Ќе имате топло-ладен однос со некоја личност, но кон крајот на месецот ќе решите дека е доволно игри. Ќе сфатите дека не ви ги задоволува сите потреби и ќе се фокусирате кон наоѓање некој кој повеќе ќе ви одговара. Нема да избрзувате.

Стрелец

Ако сте во врска:

На почетокот на јуни ќе имате можност да внесете новитети во врската и ќе ја направите поквалитетна. Ќе се зближите повеќе со партнерот и ќе ја подобрите комуникацијата. Ќе владее пријатно расположение во текот на целиот месец, но кон крајот може малку да се повлечете што се однесува до комуникација. Избегнувајте непријатни ситуации и недоразбирања.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете некоја личност преку пријатели, која ќе ви го привлече вниманието и ќе ве заинтересира. Ќе бидете воодушевени од начинот на размислување и шармот во разговорите кои ќе траат со часови. Сепак, иако ќе почнете интензивно, кон крајот на месецот личноста ќе почне да се повлекува и до крајот на месецот односот ќе остане недефиниран.

Јарец

Ако сте во врска:

Со саканата личност ќе работите на некои заеднички цели и ќе имате одлична соработка и разбирање. Ќе успеете да исполните нешто што ви е многу важно и тоа ќе придонесе за поголема стабилност во врската. Ќе водите отворени разговори, а потоа ќе уживате во забавни активности. Можни се мали патувања во близина и почести прошетки во природа. Ќе уживате во времето посветено еден на друг.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлекува личност која ќе ви ги разбуди скриените страсти, но нема да премине во ништо сериозно. Може да се впуштите во некоја кратка авантура. Потребен ви е некој во кој може да верувате и со кого може да планирате иднина. До крајот на јуни ќе ставите крај на авантурите и ќе се фокусирате на посериозен љубовен живот.

Водолија

Ако сте во врска:

Месец јуни ќе доведе до неопходни промени на љубовно поле. Ќе се потрудите да се приспособите еден на друг во работите за кои претходно не сте се согласувале. Ќе ви се појават пречки на патот, сомнежи и недоверба, но кон крајот на месецот, партнерот ќе почне да се бори за подобрување на односот. Ќе се фокусирате на заеднички живот и семејни односи. Потребно ви е повеќе забава и активности во животот.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлекуваат личности со силен карактер и добар физички изглед, а токму таква ќе запознаете на почетокот на јуни, која ќе ги задоволува критериуми. На почеток ќе имате тешкотии да добиете внимание и ќе паѓате во искушение да се откажете. Ќе се случуваат нејасни работи, но полека ќе почнете да го добивате она што сакате. Ќе привлечете внимание и ќе почнете авантура.

Риби

Ако сте во врска:

Конечно ќе внесете новитети во врската и ќе го зачините односот. Време е да излезете од монотонијата во која бевте западнати. Потребно ви е подобрување на квалитетот на врската. Ќе имате позабавни моменти и случувања, а чувствата ќе ви се продлабочат. Ќе имате креативни идеи како да се занимавате, а ќе се решат и конфликтите и недоразбирањата. Доколку излезат некои прашања кои треба да се решат, не одолговлекувајте. Избегнувајте непријатни ситуации.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност која долго ја демнете на социјалните мрежи или ја знаете преку близок пријател. Ќе се покаже како поразлична од повеќето кои ги познавате и ќе чувствувате како да сте ја пронашле сродната душа. Ќе има обострани симпатии и ќе бидете отворени за следен чекор, но по малку несигурни. Бидете внимателни.



Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg