Хороскопските знаци на телефон: Биковите – шармираат со еротски глас, Стрелците – ќе ве расположат
Вага
Ова е хороскопскиот знак кој никогаш не можете да го излажете дури ниту преку телефон. Вагите се толку посветени на телефонските разговори, што совршено може да почувствуваат лага по звукот на вашиот глас. Дури и малку ако покажете несигурност, Вагите веднаш тоа ќе го регистрираат. Тие пак, имаат пријатен глас и може со часови да ги слушате по телефон како ви зборуваат со емоција. Не сакаат празни разговори, туку мудри зборови.
Скорпија
Скорпијата ќе ви биде идеален соговорник ако ви се допаѓа некој да ви се јави среде ноќ и да ви зборува за своите страсти, или да почне да ви ги раскажува кошмарите „без пардон“. И секако, не е доволно само да го каже своето, туку Скорпијата ќе очекува од вас да ѝ дадете длабоко мислење и да најдете одговор на она што го кажала (дури и ако нема прашање). Ако таа најде доверба во вас – нема да ви биде лесно – ќе мора да ја слушате во секое време и во секакви расположенија. Мора да бидете достапни за Скорпиите секогаш.
Стрелец
Ако сте депресивни, тажни и нерасположени, идеален лек е да се јавите на некој во знакот на Стрелец. Ќе слушнете весел и позитивен соговорник, секогаш полн со ентузијазам, кој секогаш делува добро на расположението. Иако Стрелците се секогаш зафатени и трчаат наоколу да завршат десетици обврски, сепак пропуштените повици никогаш не ги игнорираат. Ќе ви се јават во првото слободно време и ќе одвојат време да се подружат со вас со задоволство.
Јарец
Кога ќе ви кренат слушалка, може да слушнете глас на сериозен и строг Јарец, но не се лажете на првите неколку збора. Доволно е да го омекнете гласот и да кажете неколку нежни зборови и пристојни шеги за Јарецот да се покаже во вистинско светло. Независно што не може да се видите, телефонските разговори секогаш може да бидат смешни и долги. Но, за да сакаат да разговарате првично, не заборавајте да уфрлите благ хумор за опуштање уште на почеток.
Водолија
Телефонски разговор за Водолиите е мината историја. Ретки се оние што ќе прифатат ваков начин на комуникација. Водолиите се во тек со времето, па не се чудете ако постојано ви испраќаат гласовни пораки преку онлајн платформи за комуникација. Ништо чудно од нив да добиете директно „стори“ на Инстаграм кога сакаат нешто важно да соопштат, наместо да ви се јават.
Риби
Рибите се нежни и чувствителни, а токму такви емоции пренесуваат и преку телефонски разговор. Од нив очекувајте благи и смирувачки зборови кои ќе ве стават во добро расположение. Секогаш се подготвени да помогнат, независно дали е со долг разговор по телефон или со неколку збора на телефон ќе ги натерате да дојдат кај вас. И тие имаат интуитивна моќ и многу често може телепатски да сте поврзани, односно баш кога ќе помислите на нив, тие да ви се јават.
М. М. | Црнобело