Кинески хороскоп за 2020-та: Што ви носи годината на стаорецот?
Коњ (родени во 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)
2019-та година ќе заврши добро, па ќе очекувате и годината на стаорецот да продолжи така, но сепак 2020-та може да биде малку подинамична година.
Може да се соочите со ситуации кои ќе ве исплашат и обесхрабрат, но имајте на ум дека предизвиците се животни лекции и дека секој проблем може да се надмине.
На професионално поле, но и на секое друго, држете се до планирањата и секогаш имајте контрола во која насока одите. Љубовта нема да ви биде главна преокупација, но ќе сакате да имате поддршка, па ќе одржувате баланс и стабилност.
Можно е да бидете уморни и да имате малку енергија, па ќе мора да се потрудите да си го вратите нивото со вежбање и здрава исхрана.
Коза (родени во 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)
Ве очекуваат одлични достигнувања, останете организирани и водете се по некој воспоставен ред. 2020 може да донесе интересни понуди за оние кои сакаат да најдат работа или да ја променат кариерата, само мора да останете самоуверени, силни и упорни.
Ако сте слободни, ќе имате одлични можности да запознаете идеален партнер, а оние кои се во сериозна врска или брак, можно е да отидат чекор напред. Ќе имате среќни семејни моменти.
Почнете повеќе да вежбате и да се храните здраво, намалете го стресот и ослободете се од лоши навики.
Мајмун (родени во 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)
2020-та ќе биде исклучително добра година за Мајмуните, кои ќе бидат полни со ентузијазам и посветеност. Ќе се најдете пред многу можности, кои треба да ги претворите во вистински успех.
Запишувајте ги сите идеи кои ќе ви паѓаат на памет и реализирајте ги. Споделувајте ги проблемите и грижите, потребна ви е поддршка и совети. Ќе имате поголема контрола над љубовниот живот и ќе бидете посамоуверени.
Подобрете ги комуникациските способности и не ги форсирајте работите. Здравјето ќе биде релативно стабилно, подобрувајте си ја стабилноста навремено – хранете се здраво и вежбајте повеќе.
Петел (родени во 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981,1993, 2005, 2017)
Оваа година носи многу диверзитет кај Петлите, но ако знаете што е најдобро за вас, ќе уживате во патот по кој ќе тргнете, без никакви пречки. Годината не е погодна за големи трошоци, па добро планирајте го буџетот за да избегнете тешкотии.
Нема да има големи промени на професионално поле, но сепак останете посветени на тоа што го правите и може да стекнете поголемо влијание. Избегнувајте озборувања, ќе ви штетат на угледот.
Ќе поминувате повеќе време со семејството и блиските пријатели, а во љубовта внесете повеќе креативност и погрижете се за потребите на партнерот. Ако сте слободни, пред да барате партнер, прво откријте што сакате.
Оптимизмот ќе влијае добро на здравјето и енергијата, нема да имате сериозни проблеми.
Куче (родени во 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)
Во 2020-та фокусот ќе ви биде насочен кон кариерата и издигнувањето на професионално поле, како и финансиско. Можни се неочекувани понуди за работа или промени во кариерата. Планирајте го добро буџетот и ќе постигнете финансиска стабилност и напредок. Можни се инвестирања во домот.
Пријателството ќе ви биде високо на листата на приоритети и ќе бидете друштвени. Љубовните проблеми оваа година полека ќе исчезнат и ќе го пронајдете она што го сакате во љубовта.
Ќе чувствувате вишок енергија оваа година, а што се однесува до целокупното здравје, нема да имате проблеми кои не може да се решат. Одржувајте здрав ум и здраво тело.
Свиња (родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)
Годината на стаорецот за вас значи нов циклус, а иако не сте склони на промени, можно е да ги доживеете. Вдишете длабоко и дозволете си да отидете на подобро место, годината ќе биде успешна.
Обрнете внимание на правни проблеми и финансиски детали, избегнувајте непријатни бизнис ситуации. Бидете селективни кога се работи за доверба. Ќе треба да донесете многу одлуки за приватниот живот, а семејството и пријателите ќе ви бидат поддршка.
На љубовно поле нема да ви застанат никакви пречки, а можни се склучувања на брак или бебе во семејството. Нема предвидувања за сериозни здравствени проблеми, но зајакнете го имунитетот.
М. М. | Црнобело