Кинески хороскоп за 2020-та: Што ви носи годината на стаорецот?
Според кинескиот хороскоп, 2020-та е година на стаорецот, а носи многу промени, големи и мали, на секое поле – што ве очекува вас?
Многумина се водат и според годишниот кинески хороскоп, кој открива интересни работи кои ќе ве очекуваат во новата година, почнувајќи од 25-ти јануари 2020-та.
Каква ќе биде годината на стаорецот за вас?
Стаорец (родени во 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Ве очекуваат нови професионални ангажмани, можна е промена на професијата или унапредување во кариерата, кои ќе ви го отворат патот кон стабилноста. Не треба да ги испуштате шансите, но внимавајте на непотребни ризици.
Во љубовниот живот ќе завладее попустливост, трпение и разбирање, на некои конечно ќе им се разбуди наклонетоста кон партнерот, а некои несериозни флертови може да се претворат во љубовна приказна.
Што се однесува до здравјето, внимавајте на повреди од несмасност и сè ќе биде во ред.
Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Богатството и среќата на професионално поле ќе ви бидат наклонети. Можни се унапредувања, добивки и интересни ангажмани во странство. Се очекува финансиите да се подобрат и да се стабилизирате на ова поле.
Ако сте слободни, ќе имате шанси да се заљубите, направете простор за нов човек во вашиот живот. Но, за оние кои се веќе во брак или сериозна врска, можно е да се појави трета личност, бидете внимателни.
Анксиозноста и стресот може да ви бидат главен противник, грижете се за себе и целокупното здравје.
Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Можно е да се соочите со некои потешки ситуации во 2020-та, но во секој момент сте подготвени да се претворите во магионичари и да ги подобрите. На професионално поле не правете големи промени, држете се до рутината за да избегнете непосакувани пречки.
На финансиско поле работите ќе тргнат на подобро, но внимавајте, можно е да се соочите со загуби заради непресметан ризик и лоши одлуки.
Мали инциденти може да ви донесат несогласувања во љубовниот живот, а овие кавги ќе ви ја зачинат 2020, но обидете се да најдете смирен начин за решавање.
Тигрите во 2020 ќе бидат силни и ќе имаат многу енергија што се однесува до здравјето.
Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Во оваа година важно е како вие ќе се поставите, бидејќи може да се најдете пред многу двосмислени ситуации и да имате чувство дека се вртите во круг. Кариерата може да ви заблеска, ако знаете како да ги искористите шансите и среќата која ве прати. Финансиите се одвиваат добро, но избегнувајте пријатели со пороци.
Оние кои се слободни имаат шанси да си најдат партнер, а оние кои се во врска, ги очекуваат многу подобрувања. Генерално, здравјето е стабилно, но обрнете повеќе внимание на исхраната, склони сте кон труења.
Змеј (родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)
Конечно, се очекува просперитетен период за овој знак. Ќе бидете преплавени со работа, посебно со документација, но обидете се да правите селекција на приоритети, бидејќи не секогаш заслугата ќе биде препознаена.
Предвидена е добра финансиска година и одлични шанси, но бидете претпазливи од измами. Љубовниот живот ќе ви биде мирен и без посебни проблеми, покрај м алите несогласувања.
Ве очекува добро здравје, со незначајни проблеми. Избегнувајте масна храна, ограничете го алкохолот и никотинот. Обрнете внимание на ракување со остри предмети.
Змија (родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)
Се предвидува добра и креативна година, па Змиите мора да бидат храбри и трпеливи. Мора внимателно да се справувате со финансиските проблеми и да бидете свесни за сите ризици.
Што се однесува до кариерата, мора да покажете поголема флексибилност, во поглед на унапредување и менување на професијата.
Годината ќе ви биде посветена на семејството и ќе поминувате многу среќни моменти во домот со најблиските. Во љубовта може некои работи да се влошат, но многумина ќе одберат да останат во врска иако не им одговара.