Стрелецот го откачува друштвото поради девојката, Рибите не почитуваат планови - кои се вашите најлоши карактеристики како пријател?
Секој од знаците има свои позитивни карактеристики. Но, што би бил животот кога сè би било совршено? Животот би бил нереален, а никој не сака да живее во бајки.
И покрај сите добри квалитети, сите сме луѓе и имаме по неколку маани. Дознајте кои се вашите според хороскопскиот знак, особено кога станува збор за пријателствата:
Овен - први пишувате порака или им се јавувате на пријателите само доколку сте изнервирани. Кога имате потреба да се пожалите некому веднаш му ѕвоните на најдобриот пријател и започнувате со своите проблеми.
Бик – малку сте скржави, а тоа го оправдувате со својата „штедливост и економичност“. Сепак, ретко кога посегнувате да ја платите сметката.
Близнаци – прилично сте заборавени кога станува збор за важните датуми, особено за родендените на пријателите. Не само што заборавате да им купите подароци, туку заборавате и да им честитате навреме.
Рак – не умеете да чувате туѓи тајни. Иако мислите дека сте многу лојален пријател, ги споделувате тајните кои ви ги довериле најблиските и често пати сосема случајно и ненамерно.
Лав – потајно многу им љубоморите на своите успешни пријатели. Се чувствувате несигурно покрај нив и тешко ви е да се радувате искрено за нивните успеси, иако добро успевате да го скриете тоа од нив.
Девица – излегувате со друштвото само доколку има алкохол на агендата. Иако не го признавате ова, секоја вечер која не вклучува алкохолни пијалаци за вас е промашено излегување од дома.