Стрелецот го откачува друштвото поради девојката, Рибите не почитуваат планови - кои се вашите најлоши карактеристики како пријател?
Вага – сакате да бидете во центарот на вниманието. Додека сте дома вежбате гримаси и шеги пред огледалото кои подоцна ќе ги раскажете пред друштвото во обидот сето внимание да биде насочено само кон вас.
Скорпија – мразите да одговарате на телефон. Мразите телефонски повици и ќе го кренете телефонот само доколку добиете порака дека се работи за живот или смрт. Дотогаш ќе праќате само пораки, макар напишале 50 во денот.
Стрелец – имате лоша навика да ги ставате врските пред пријателствата. Кога имате ново момче/девојка едноставно заборавате на друштвото со месеци.
Јарец – дозволувате да поминат недели, па дури и месеци без воопшто да се слушнете со луѓето што ви значат. Кога сопствените родители прашуваат зошто ве нема толку долго, најчесто се вадите на работата како изговор.
Водолија – ретко сте авантуристички настроени, особено доколку тоа значи дека треба да излезете надвор од градот во којшто живеете. Радо би останале во својот град, отколку да истражувате некој друг, макар бил оддалечен само 50 km од вашето живеалиште.
Риби – никогаш не ги следите ниту ги исполнувате плановите или нечија туѓа агенда. Вие сте обожавател на спонтаноста и плановите направени во „5 до 12“. Потсвесно ќе ги саботирате сите планови, само за да не се држите до строго зацртана агенда.
(О)Милена | Црнобело