Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тешки се на зборови: Хороскопски знаци од кои никогаш нема да слушнате „те сакам“

На прв поглед изгледаат ладно и недостапно, а веќе на втор може да бидете сигурни во тоа.

teski-se-na-zborovi-horoskopski-znaci-od-koi-nikogas-nema-da-slusnete-te-sakam-001.jpg

Овие два хороскопски знаци не сакаат да се расфрлаат со зборови, па од нив никогаш нема да слушнете емотивни љубовни изјави од типот на „те сакам“.

Јарец

Ладни и по малку арогантни – ваков впечаток оставаат луѓето родени во знакот на Јарец. На прв поглед знаат да ве прелажат дека се романтични души, меѓутоа кога ќе останат сами со саканата личност, ситуацијата се менува.

Знаат да покажат наклонетост со гестови и подароци, но им треба многу време за вербално и емотивно да се отворат.

Иако можеби чувствуваат емоции кон вас, тешко дека некогаш ќе ги преточат во зборови. Доколку сте во врска со Јарец, ќе ви треба многу трпение.

Лав

И после долги години поминати со една личност, на Лавовите им е тешко да се препуштат на емоциите и да ја покажат својата ранлива страна.

Сакаат да остават впечаток на авторитет, на силна личност, а тоа сметаат дека ќе го постигнат само ако не разговараат за своите емоции.

Ќе направат апсолутно сè за саканата личност, но никогаш нема директно да ѝ кажат колку ја сакаат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg