Бикот трча на доктор, Скорпиите не престануваат да се жалат - Што прави секој хороскопски знак кога е настинат?
Додека едни се храбри и не дозволуваат да се залегнат, други не престануваат да се жалат дека тоа ќе ги совлада – како реагира секој хороскопски знак на обична настинка?
Сите луѓе различно ги доживуваат настинките, а иако може да не се ништо сериозно, некои навистина знаат да направат драма кога малку ќе настинат.
Во периодот на настинки, кога времето е топло-ладно, веројатно почесто слушате како оние околу вас се жалат за здравјето.
Па, како реагира секој хороскопски знак на обична настинка и дали ќе се пронајдете и вие?
Овен
Кога Овните ќе настинат, веднаш стануваат нерасположени и ја „скиселуваат“ фацата, а лесно почнува сè да ги нервира и се истураат на сите што ќе се обидат да им прозборат.
Бик
Познати како хипохондрици, Биковите кога ќе почувствуваат и најблага настина, веднаш трчаат на доктор и се прегледуваат и на првиот симптом.
Близнаци
Близнаците ја користат секоја шанса да не работат, па кога ќе почувствуваат симптоми на настинка, веднаш земаат слободен ден, но сепак имаат енергија да се дружат со пријателите.
Рак
Раковите не сакаат никој да ги жали и не признаваат дека се всушност настинати. Тие се однесуваат како сè да е во ред и тврдат дека немаат потреба од доктор и лекови.
Лав
Нема да остават ништо на случајност и нема да дозволат настинката да ги собори, но наместо да се упатат кај доктор, Лавовите сами ќе си препишат лекови и ќе си дадат дупла доза витамини...
Девица
Девиците иако чувствуваат дека настинката може да ги совлада, не се предаваат лесно и се тераат да ја поминат на нозе и да работат, иако се чувствуваат мизерно.