Кој цитат најдобро ве опишува според хороскопскиот знак?

ВАГА

Нежни и страсни пацифисти. Вагите се дипломати во душата, секогаш го гледаат најдоброто во луѓето и ќе направат сè што е во нивна моќ другите околу нив да се чувствуваат пријатно.

Цитат: „Кога ќе престанеш да очекуваш совршенство од другите луѓе, ќе може да ги засакаш поради она што вистински се“ – Доналд Милер.

СКОРПИЈА

Скорпиите се исклучително интелигентни, интуитивни и амбициозни. Тие го знаат патот до животниот успех и начинот на кој може да го поминат.

Цитат: „Не ме интересира можноста да бидат најбогатиот човек на гробиштата. Тоа што ми е важно е да си легнам во креветот знаејќи дека тој ден сум направил нешто прекрасно“ – Стив Џобс.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците се енергични авантуристи. Никогаш нема да се повлечат од каква и да било ситуација која вклучува ризик, а најмногу мразат да тапкаат во место.

Цитат: „Патувај – онолку колку што можеш, колку што можеш подалеку и да подолго време. Целта на животот не е да го поминеш на едно место“ – Непознат автор.

ЈАРЕЦ

Тие се трпеливи, внимателни и софистицирани. Не сакаат многу големи друштва и секогаш имаат некоку одбрани пријатели кои се бројат на прсти. Многу се посветени и лојални.

Цитат: „Животот ти е даден и твојата должност е да направи нешто прекрасно со него, колку и да ти делува тоа мало или безначајно“ – Елизабет Гилберт.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се креативни, остроумни, вистински револуционери. Тие се оние коишто ги поправаат работите, луѓето и светот. Имаат големо срце и секогаш се тука за пријателите кои се во неволја.

Цитат: „Нашата главна животна цел е да им помогнеме на другите. Доколку не можеме да им помогнеме, барем да не им одмогнуваме“ – Далај Лама.

РИБИ

Овој знак е сензуален, романтичен, вистински фантазер. Многу се сочувствителни и се грижат за туѓите чувства. Даваат сè, а за возврат не очекуваат ништо.

Цитат: „Најважната работа којашто ќе ја научиш е да сакаш и за возврат да бидеш сакан“ – Мулен Руж.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg