5-те хороскопски знаци кои најмногу уживаат во храната (и се вечно гладни)
Добриот оброк може да подобри сечие расположение, но за овие хороскопски знаци може и многу повеќе од тоа. Овие знаци уште не завршени со едниот оброк, почнуваат да размислуваат за следниот. А, не само што уживаат да јадат, туку навистина сакаат и да готват.
Погледнете кои се „најгладните“ хороскопски знаци:
Бик
Биковите се дефинитивно најгладниот хороскопски знак. Уште пред да влезат во ресторан, тие веќе одбрале што ќе јадат.
Биковите сакаат да пробуваат и да експериментираат со нови оброци, а лошата услуга во ресторан може навистина да ги разочара. Сепак, колку и да не им се допаѓа оброкот, на чинијата нема да остане ништо.
Вага
Колку и да се обидуваат, Вагите никогаш не можат да си направат распоред за јадење. Неретко им се случува да ручаат два пати, а доста често сакаат да грицкаат нешто и помеѓу оброците.
Секогаш си го дозволуваат она што го сакаат, без разлика колку е часот. Ноќното јадење не им е ништо ново.
Риби
Рибите често јадат за да се чувствуваат подобро. Воглавно јадат сè, но сепак има некои намирници што не им се допаѓаат. Најчесто, Рибите сакаат туѓа кујна и сакаат да пробуваат нови вкусови.
Сепак, нивното чувство за глад често е поврзано со нивните емоции, па најчесто јадат бидејќи се фрустрирани или тажни.
Лав
Лавовите се вистински гурмани и сакаат добра храна. Ја избегнуваат брзата храна и имаат желба за вистински кулинарски ремек-дела.
Често обрнуваат внимание и на опкружувањето во кое јадат и важно им е кој им ја приготвува храната.
Овен
Овните се гурмани, но истовремено би изеле сè. Бидејќи се храбри, не им е страв да пробаат и некое егзотично јадење.
Сакаат да експериментираат во кујната, па најчесто тие се готвачот во нивната група пријатели.
Спирова С. | Црнобело