Девицата прави дезинфекција на соба, Лавот се слика – Што прават сите хороскопски знаци кога ќе стигнат на одмор?
Едни не можат да дочекаат да направат прво селфи, други веднаш нарачуваат коктел да се релаксираат, а трети не може да излезат цел ден од соба додека не ја исчистат.
Можете да замислите каков хаос би настанал кога сите хороскопски знаци би биле на едно место на одмор?
Секој хороскопски знак со своите маки – што прави секој кога ќе пристигне на одмор?
„Стигнавме во рајот“ – гласи статусот на Близнаците и задолжително става локација на сите социјални мрежи.
Овенот веќе се распрашал каде е најдобар ноќниот живот и нашол карпа за скокови во море.
Водолијата веќе има маска за нуркање и истражување морски свет, а Стрелецот е отиден во прошетка низ местото да разгледа што има.
Бикот изнајмил лежалка и го нарачал првиот коктел да се опушти од патувањето, додека Ракот вари супа за сите да се опорават од патот.
Јарецот се ценка со сопственикот на сместувањето, го бара шефот и прави драми, додека Девицата веќе почнала со дезинфекција на собата.
Лавот се обидува да направи совршено селфи во костим за капење, а Рибите веќе отпливале во длабокото.
Вагата прва се залетува кон бањата да се среди и уште е таму, а на плажа сите забележуваат дека пристигнала и Скорпијата, иако уште не се ни соблекла.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





