Како хороскопските знаци ги поднесуваат горештините?
Близнаците мразат кога облеката ќе им се натопи со пот. Раковите постојано се жалат, а Бикот, пак, не сака да се оддели од удобноста на неговиот дом.
Погледнете како хороскопските знаци се справуваат со жешкото летно време:
Овен
Овенот е огнена личност, а кога надворешната температура се совпаѓа со внатрешната, настанува експлозија.
Најпрвото нешто што го прават Овните кога им е жешко е губење на трпението. Па, или обидете се да го разладите, или тргнете му се од патот.
Бик
Бикот нема да дозволи топлината да застане на патот на неговиот луксузен начин на живот. Токму ова ќе му биде изговор за уште малку да се излежува во омилениот кревет.
Доколку мислите да го викнете на вечера, знајте дека сигурно ќе смисли некој изговор.
Близнаци
Луѓето со овој хороскопски знак ја преживуваат горештината заклучени во домот. Иако помалку ова им годи, сепак се чувствуваат виновно што не излегуваат од домот.
Знаат дека нема потреба да излегуваат на жешко доколку немаат работа, а особен мразат кога облеката ќе им се натопи со пот.
Раковите
Раковите се склони кон жалење кога им е жешко. Жалат за секоја пропуштена летна забава, но сепак повеќе им се допаѓа нивниот кауч и пиво.
Повеќе сакаат да останат дома, наместо да излегуваат на неподносливото време.
Лав
Лавовите едноставно мразат да се погледнат во огледало испотени. Ова не им оди со нивната самодоверба.
Сепак, Лавот ќе се обиде да ја сврти ситуацијата во своја користи и ќе почне да си замислува дека всушност и испотен изгледа неверојатно.
Девица
Девиците не сакаат да ги слушаат другите додека се жалат дека им е жешко. Нивниот став е дека нема на сите да им биде лошо поради малку повисока температура.
Од друга страна, Девиците не се свесни дека се гневни токму поради неподносливата топлина. Сепак, никогаш не би го признале ова.