Се држат на дистанца, делуваат ладно – кои се трите знаци кои всушност љубат најсилно?
Оној што сака, најчесто завршува со скршено срце. Некои луѓе свесно решаваат да стават бариера помеѓу нив и потенцијалните партнери, други пак пребрзо го подаруваат своето срце и веднаш се впуштаат во врска.
Овие три хороскопски знаци се оние кои се вложуваат најмногу во врската, а најчесто излегуваат повредени од неа. Токму затоа најчесто делуваат ладно и незаинтересирано, со цел да се заштитат себеси.
Кои се трите знаци во зодијакот кои љубат најсилно?
РАК
На почетокот делуваат воздржано, но штом почувствуваат дека личноста им одговара целосно и без размислување ѝ се препуштаат на љубовта. Тогаш се во состојба да направат сè за партнерот.
Тоа најчесто ја задушува другата личност, па самите бараат малку простор, што Раковите не умеат да го разберат. Што тргна погрешно? За одмазда, тие се претвораат во уште поладни и незаинтересирани луѓе.
РИБИ
Рибите имаат лоша навика да го држат во себе сето свое незадоволство и грижите, наместо да се „испукаат“ како нормални луѓе и да ги споделат чувствата. Заради ова најчесто се „жртвите“ во врските, бидејќи со задоволство би се повлекле во себе и ќе им ги препуштат одлуките на другата личност.
Во врската се нежни и романтични откако ќе се опуштат. Би направиле сè за партнерот, секогаш се ставаат себеси на второ место – што често пати резултира со скршено срце.
СТРЕЛЕЦ
Кога Стрелецот конечно ќе се одлучи дека сака да започне врска со некоја личност, целосно и безрезервно се впушта во истата. Притоа целосно го исклучува разумот и сите свои одлуки ги носи со срцето.
За нив не постои концептот време, односно „сега и овде“. Целосно ја губат главата кога се вљубени, што ги прави исклучително ранливи.
(О)Милена | Црнобело