3 хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни од ништо во животот
За нив велат дека до пладне се мразат себеси, а од пладне останатиот дел од светот. Тие се родени критичари на сè и сешто во животот. Најстрашното е што се критикуваат и себеси, покрај останатите луѓе околу нив.
Можете да се трудите до бесконечност, но вашиот труд ќе биде залуден. Овие три хороскопски знаци секогаш ќе најдат некоја маана:
БЛИЗНАЦИ
Неодлучни и бучни, јазикот секогаш им оди побрзо од умот. Вечни буцкала кои уживаат да гледаат сеир додека другите се расправаат. Секогаш ќе пронајдат „влакно во јајцето“, макар и кога сè е совршено.
ДЕВИЦА
Перфекционисти во секоја смисла, а со самото тоа склони на критика. Се критикуваат остро и себеси, а не се поштедени ниту другите околу нив. Делуваат малку опсесивно и хронично незадоволни.
ВОДОЛИЈА
Овој знак не е толку склон на критикување кон останатите, колку што се критикува себеси. За Водолиите самокритикувањето е еден вид на терапија. На овој начин тие сметаат дека стануваат подобри луѓе и посилни луѓе.
(О)Милена | Црнобело