Зошто од сите хороскопски знаци најголем проблем имаме да ги сфатиме Рибите?
Секој што е Риби во хороскоп или има барем еден човек од блиското опкружување којшто е носител на овој хороскопски знак, знае колку е тешко да се разоткрие мистеријата зад последниот знак.
Рибите не можете „да ги прочитате“, а уште помалку да ги разберете. Со оглед на фактот што тие се последниот знак во зодијакот, нивниот карактер претставува спој на карактеристики од сите 11 знаци пред нив.
Тоа значи дека Рибите се во постојана борба со своите чувства, а таа борба останатите знаци тешко може да ја сфатат и прифатат.
Рибите често пати се многу неодлучни, дури и за најбаналните работи. Од друга страна, секогаш се подготвени за нови авантури поради кои може да ги откажат претходните планови.
Рибите се луѓе кои многу размислуваат за своите постапки и последиците. Иако можеби ви делуваат понекогаш импулсивно, имајте предвид дека тие промислено ја донеле својата одлука за таквото однесување.
Тие непрестајно трагаат по нешто ново, но немојте да бидете загрижени, бидејќи сакаат покрај себе да имаат личност со која ќе ги споделат искуствата. Но, не смеете да ги заробувате, бидејќи ќе ја искористат првата можност да ве напуштат и да избегаат од вас.
Рибите се многу посветени на другите луѓе, макар и на странците коишто ги запознале пред неколку минути. Кога ќе ви биде потребна нечија поддршка и разбирање, знаете на чија врата може да тропнете.
Бидејќи Јупитер и Нептун владеат со нивниот знак, Рибите се најголемите сонувачи во зодијакот. Дури и доколку нивните цели ви изгледаат неостварливо, тие нема да се откажат од соништата.
Рибите се екстремно емпатични луѓе. Често пати ги ставаат туѓите страдања пред сопствените, што може да биде прилично хаотично, бидејќи потоа се гушат во сопствените емоции.
Доколку ви е потребно рамо за плачење или некој добар совет, Рибите се најдобриот знак од којшто може да ги побарате.
Рационални се само кога се сами. Доколку се во движење 24/7 не умеат да ги донесат најдобрите одлуки. Потребно им е да се затворат во сопствената соба со своите мисли, да се ревитализираат, со цел да размислат и донесат добри одлуки.
Тие често пати се опкружени со многу луѓе, но точно може да забележите кои од нив им се вистинските пријатели, а кои само познаници. На Рибите им е тешко да бидат отворени кон луѓето коишто не ги познаваат доволно, па затоа на прв поглед може да ви делуваат многу одбивно, па дури и арогантно.
Доколку мора да ги сместиме во некоја од двете категории, би рекле дека се типични интроверти.
Рибите ги прифаќаат речиси сите луѓе и се обидуваат да го видат најдоброто во секој човек. Правилото кое често пати го употребуваат за другите е: „Невин, додека не се докаже спротивното“.
Кога молчат со часови значи дека имаат многу проблеми за кои ретко сакаат да зборуваат и не сакаат да ве заморуваат. Рибите се исклучително емотивни, зборовите мора да им ги „вадите со клешти“ од устата, и мора да бидете многу внимателни со своите зборови и постапки, бидејќи лесно може да ги навредите и уплашите.
Рибите најчесто имаат некој идол на којшто се угледуваат во животот и ги планираат сите наредни чекори инспирирани од неговата работа и однесување.
Сепак, тешко е да не ги сакаме Рибите, иако се прилично комплицирани, нели?
(О)Милена | Црнобело