Водолиите гледаат видеа со мачки, а Раковите зборуваат со своите миленичиња - што прават знаците кога им е досадно?
Вага – си прави стотина селфи фотки. Испробува нови шминки и откачена облека. Досадата ја пополнува со сопствена фотосесија која не сака никој никогаш да ја види. Сепак, и ова брзо им досадува. Вагите се еден од оние знаци на кои работите им здосадуваат неверојатно брзо. Подоцна се префрлаат на готвење и испробување нови рецепти.
Скорпија – што е тоа досада? Скорпијата ретко чувствува здодевност, но кога ќе ѝ се случи ова, секогаш има план наречен многу филмови и уште толку многу серии. Особено обожава кога ќе успее да изгледа неколку сезони од истата ТВ серија едно по друго, јадејќи тони храна. Подоцна се обвинува зошто тоа време не го потрошила на нешто попаметно, како на пример вежбање.
Стрелец – оди во продавница и купува 10 различни видови на пиво. Време е да се испробаат некои нови вкусови. Завршува целосно пијан и решава да врти со скриен број кај сите поранешни партнери и да ги зафркава. Оди на различни сајтови и форуми и пишува хумористични рецензии да производи кои воопшто не ги испробал.
Јарец – решава да чита книга кога му е досадно. Некоја што долго време ја одложува, а чека да биде прочитана. На крајот завршува со часови на Инстаграм или Пинтерест, прегледувајќи илјадници фотки додека очите не почнат да му солзат.
Водолија – кога им е здодевно, Водолиите имаат навика да гледаат уште поздодевни видеа што од некоја причина само ним им се интересни. Видеа со мачки, со стискање мозолки, со нелогични предизвици… ги препраќаат на пријателите и се нервираат кога никој не им одговара на пораките.
Риби – спијат кога им е досадно. Толку е едноставно, зошто на никој не му текнува едноставно да си легне? Стануваат да одморат од спиењето, прават кратка пауза, јадат малку и повторно си легнуваат. За Рибите спиењето е најпаметно потрошено време кога ти е здодевно.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





