Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На колку години луѓето се „најзависни“ од хороскоп?

Астрологијата постои практично колку што постои и цивилизацијата, неколку илјадници години.

vistina-e-lugjeto-vo-nivnite-20-ti-obozhavaat-astrologija-01.jpg

Уште многу одамна, луѓето го набљудувале движењето на планетите и положбата на ѕвездите, за врз основа на тоа да разберат одредени однесувања на другите.

Денеска астрологијата е попопуларна од кога било и има своја редовна публика од сите полови и возрасти. Сепак, една одредена група на луѓе верува многу повеќе во она што го пишува во дневниот хороскоп, за разлика од другите.

Се работи за младите луѓе на возраст меѓу 18 и 29 години. Најчесто, тие се оние кои најмногу читаат хороскоп од каков било тип, го споредуваат со други извори, проверуваат компатибилност на знаците со партнерот или не можат да го почнат денот без воопшто да прочитаат што тој датум им носи.

Но, голем процент од оваа група се и скептични во однос на астрологијата и иако редовно читаат хороскоп, тоа го прават чисто од забава. Тие ретко би ги практикувале советите кои ги читаат во хороскопите, но тоа не го прави помалку интересен за нив.

vistina-e-lugjeto-vo-nivnite-20-ti-obozhavaat-astrologija-02.jpg

На социјалните мрежи, хороскопите се најсподелувани содржини, било како линкови од веб-сајтови или како видеа и фотографии. Многумина би седнале и би читале опсежни анализи за својот хороскопски знак, дури и од над 1.000 зборови. Потоа, таа содржина би ја споделиле на својот профил на Фејсбук или во коментар би означиле личност која е припадник на истиот хороскопски знак.

Слично е и на Инстаграм. Во описите на својот профил многу луѓе ги назначуваат и хороскопските знаци, како начин накратко да објаснат што повеќе за себе. Ова воопшто не е чудно, со оглед на тоа колку е хаотичен и динамиќен животот денеска.

Хороскопот на многумина им помага да се самоидентификуваат и да ја најдат смислата на својот живот, особено во денови кога минуваат низ лична криза.

Вистински или не, факт е дека хороскопот е неминовна содржина од многу веб-сајтови, весници и магазини, а постојат и специјализирани медиуми наменети токму за астрологија.

Во која група сметате дека спаѓате вие?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде ќе ја запознаете љубовта на својот живот, според хороскопскиот знак? Авантуристичките Ваги сакаат да го живеат својот живот со полни гради. Зато...
Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg