Овните први умираат, Стрелците тајно помагаат: Што прави секој хороскопски знак во хорор филм?
Во секој хорор филм има еден што наместо да бега низ врата, трча по скали, некој што веднаш открива кој е негативецот или од премногу љубопитност, први завршуваат неславно.
Во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак и каков лик би биле доколку се најдете во хорор филм?
Дали вие сте тие што тајно му помагаат на негативецот, преживуваат до самиот крај или љубопитноста ве води до трагедија?
Која улога ја има вашиот знак, прочитајте во овој хорор хороскоп и сфатете го само како забава:
Овенот прв умира бидејќи е доволно храбар да провери сам кој се вртка околу куќата.
Бикот е тој што си доаѓа дома на крајот на филмот и ги наоѓа сите мртви.
Близнаците генерално успеваат да го надмудрат негативецот и да му постават замка.
Ракот е тој што трча по скали наместо низ излезна врата.
Лавот е оној кој секогаш се обидува да возврати удар на негативецот и на крај завршува неславно.
Девицата најчесто се жртвува себеси за да преживеат останатите.
Вагата им вели на сите да се смират иако и самата доживува панични напади.
Скорпијата нормално, уште веднаш открива кој е негативецот/убиецот.
Стрелецот пак, е тој што тајно му помага на негативецот.
Јарецот е изладен лик кој доживеал нервен напад од целата ситуација, па почнал и тој да убива.
Водолијата е тој единствен човек што успева да преживее до самиот крај.
Рибата пак, е најчесто згоден лик кој вреска на секој шум.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





