Вашите позитивни карактеристки + една мана, според кинескиот хороскоп
Дали основна карактерна црта ви е храброста, енергичноста, креативноста, а длабоко во себе сте ранливи, наивни и параноични?
Кинескиот хороскоп се базира на 12-годишен циклус, каде различно животно ја претставува секоја година.
Знакот во кинескиот хороскоп се одредува според годината во која сте родени.
Каква личност сте според кинескиот хороскоп:
Стаорец - харизматични
Родени во 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008
Вие сте паметни и шармантни. Постојано љубопитни за светот околу себе, но понекогаш за постапките мотивирани од парите.
Бивол - директни
Родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009
Вие сте упорни и насочени кон целите. Знаете што сакате во животот, имате силна верба, но на моменти сте тврдоглави.
Тигар - храбри
Родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010
Вие сте храбри и независни. Луѓето ве почитуваат поради длабоките мисли и подготвеноста за акција, но понекогаш се фалите премногу поради постигнатото.
Зајак - генијални
Родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011
Вие сте искрени и се трудите да избегнувате конфликти. Иако сте чувствителни и генијални во сè, понекогаш поради двоумењето ги пропуштате шансите.
Змеј - возбудливи
Родени во 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012
Вие сте моќни и успешни. Како личност секогаш сте енергични и возбудливи. Мразите лицемерие и озборувања, но понекогаш сте малку арогантни и нетрпеливи.
Змија - креативни
Родени во 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013
Вие сте симбол на мудрост и духовитост. Ѕвезда сте во друштвото и сте талентирани за уметност и литература. Но, премногу сте сомничави за сè и на моменти изгледате параноично.
Уште 6 знаци на следната страна...
Би можело да ве интересира:





