Кои хороскопски знаци најмногу ги погодува празничната еуфорија?
Многумина ќе почекаат до 30-ти декември пред да почнат да бираат подароци за најблиските или пак да поднакитат по дома. Но, има и такви кои празничната еуфорија ги фаќа уште на самиот старт на декември.
Ако судиме според хороскопот, кои хороскопски знаци најмногу и најрано ги погодува празничната еуфорија?
5. Риби
Се прашувате зошто Рибите слабо комуницираат со вас цел декември? Немаат време. Паралелно печат кекси во облик на снегулки, додека ги расплетуваат новогодишните сијалички. Потоа уште еднаш го гледаат Сам дома, додека во позадина оди празнична музика. Не ни пробувајте да им пуштите песна која не е поврзана со Божиќ и Нова година.
4. Лав
Лавовите се љубители на одлична забава, па затоа се радуваат на овој период. Тие се апсолутни ѕвезди на секоја прослава со колегите, роднините и пријателите. Најчесто не се премногу заинтересирани за готвење, но за пиење – и тоа како! Сакаат да купуваат подароци и затоа до март ќе бидат во минус.
3. Девица
Додека останатите знаци превртуваат очи на помислата да бидат домаќини за празниците, Девиците со задоволство го прифаќаат готвењето и чистењето кое си доаѓа со прославата. Перфекционисти по природа, па нивната елка е секогаш симетричка, исто како и трпезата со минимум 15 специјалитети на неа.
2. Бик
Вредните Бикови никогаш не сакаат да седат дома, но кога ќе дојде декември, никој не може да ги извади од удобноста на накитениот дом. Секое попладне седат во празничен џемпер, со топли чорапи со ирваси и шолја чај со принт со снегулки. Се препуштаат на вкусната храна и знаат да си земат неколку слободни денови за уживање во празничната магија.
1. Рак
Убедливо Ракот ги води сите во празничната еуфорија. Емотивен и посветен на семејството, обожава кога сите се собрани дома, сијаличките светкаат и се пие греено вино. Први купуваат подароци за саканите, а голема е веројатноста и дека дома им е накитено од 1-ви декември.
М. Д. | Црнобело