5 хороскопски знаци за кои раскинувањето е лесно како шега
Простувањето и заборавањето не се опција кај многу луѓе, особено ако се работи за љубовна врска. Нив најлесно им е да раскинат и воопшто да не разговараат за други опции.
Секако, оваа карактерна особина има и добри и лоши страни.
Од една страна, припадниците на овие пет хороскопски знаци нема да ве исполнуваат со лажна надеж, туку од старт ќе бидете начисто со нив.
Од друга страна, пак, нема да бидат расположени да ве ислушаат дури и да имате што да кажете.
Да, раскинувањата се тешки и комплицирани, но не и за овие пет хороскопски знаци:
Овен
Многу лесно и без размислување ќе заминат од оној кој ги повредил. Исто така, ќе заминат и ако сметаат дека врската нема да просперира на подолг план. Нив им е полесно да раскинат, отколку да се вложат во нешто што им се чини дека нема да биде успешно.
Раскинувањето ќе ги боли, но поради импулсивноста, за кратко време ќе се впуштат во следна авантура.
Вага
Тие се романтични, но дури и во најромантичните моменти веќе имаат развиена стратегија за кога ќе треба да се повлечат. Едно раскинување со нив е прекинување на сите можни односи, па дури и пријателство или бизнис-партнерство.
Ако се повредени, веднаш ќе се впуштат во друга врска за да го излечат своето срце. Можеби раскинувањето било лесно, но им треба уште малку време за да се ослободат и од емоциите.
Скорпија
Тие ќе се посветат на врската само ако се сигурни во нејзината иднина. Но, ако еднаш се повредени, можеби првиот пат ќе простат, но сè понатаму ќе води и до конечното раскинување.
Скорпиите се посветени на сопствената заштита и поради тоа нештата ги прават брзо и без долги објаснувања и образложувања.
Водолија
Ако врската очигледно не функционира, а Водолиите немаат веќе силни емоции, тогаш лесно ќе се повлечат, пред да дојде до ситуација нивното срце да биде скршено.
Тие особено ја ценат својата слобода и никогаш нема да го трошат времето во врска која не води никаде.
Риби
Рибите се знак со висока духовна свесност и многу лесно претчувствуваат кога нешто не е во ред со врската. Тие му веруваат на својот внатрешен глас и заминуваат веднаш штом им се отвори простор за тоа.
Интуицијата често ги спасува од многу несоодветни врски, пред нештата да станат сериозни.
Е. Д. | Црнобело