Хороскопски знаци на кои зимава ќе им се посреќи во љубовта
Од романтични прошетки до топли прегратки, четвртото годишно време ќе биде идилично за три зодијачки претставници. Љубовта ќе тропне и на нивните порти, а тие ќе ја прегрнат со ширум отворени раце.
До крајот на годината остануваат денови, часови и минути. Меѓутоа, дури и за кус период може чуда да се случат. Доколку немате партнер во моментот, а родени сте во некој од овие хороскопски знаци, тогаш голема е веројатноста дека ќе го сретнете и пред истекот на декември.
Па, ако спаѓате во групата луѓе кои доволно време поминаа сами, односно посакувате конечно да се вљубите, можеби имаме добри вести за вас. Што велат астролизите? За кого студените месеци ќе бидат чудесни на емотивно поле? Кому посебно му се наклонети ѕвездите?
Ова се хороскопските знаци на кои зимава ќе им се посреќи во љубовта:
Рибите тежнеат кон хармонија во животот, а зимата ќе ги изненади со изобилство од љубов. Конечно ќе пронајдат сродна душа, која одново ќе ги разбуди нивните заспани чувства. Родените во овој хороскопски знак ќе уживаат во идилата на празниците. Заедно со партнерите ќе ги поминуваат студените ноќи. Ќе се милуваат под топло ќебенце дома, или, пак, одат на романтични прошетки надвор. И повеќе ништо нема да им застане на патот.
И родените во овој знак уште годинава ќе ги пресретне новата љубов. Додека есента им беше полна со стагнација и болка на емотивен план, зимата конечно ќе им донесе свежи и поволни ветрови. Од голема романса до доживотна врска – сѐ е можно да се случи. Стрелците дефинитивно ќе почувствуваат пеперутки во стомакот, ослободувајќи се од сивилото и депресијата што ги следеа претходните месеци.
Биковите годинава беа малце повоздржани кога се излегувањата во прашање. Тие попрво се концентрираа на кругот на пријателите, додека зимава конечно ќе допрат и до подлабоките чувства. Родените во овој хороскопски знак се баш сега во комплетна рамнотежа со внатрешното јас, што е совршена предиспозиција вистински да се заљубат после долго време.
M. A. | Црнобело