Според Forbes: Кои хороскопски знаци имаат најголема шанса да станат богати и славни?
Џорџ Клуни и Елен Деџенерис се дел од славните личности кои имаат огромна заработувачка. Што се во хороскоп?
Астролог ја анализираше листата на Forbes за 2018 за 100 најдобро платени познати личности и според неа направи проценка кои хороскопски знаци имаат најголема шанса да станат богати и славни.
Се разбира, сето ова е за забава:
Стрелец
Тие се со отворен ум, експериментираат и сакаат да го разберат светот околу нив, но не се добри за бизнис.
Само 2.7% од листата на најбогати се Стрелци.
Близнаци
Тие се духовити и брзи, но, како и нивниот знак, имаат тенденција да се колебаат околу својот идентитет.
Само 2.95% од листата на најбогати се Близнаци.
Риби
Тие се уметнички настроени и емпатични, но исто така и пасивни и не знаат со парите.
Само 7.88% од листата на најбогати се Риби.
Рак
Тие се многу интуитивни и емотивни, но често нерационални.
Само 8.02% од листата на најбогати се Ракови.
Овен
Тие се добри лидери, но имаат променливо расположение и краток фитил.
8.05% од листата на најбогати се Овни.
Скорпија
Тие се страстни и интелигентни, но и љубоморни и посесивни.
8.15% од листата на најбогати се Скорпии.