Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 хороскопски знаци кои ги кријат емоциите „како змија нозете“

Тие никогаш нема емотивно да ви се отворат и што и да се обидете да извлечете од нив – нема да успеете.

4-horoskopski-znaci-koi-gi-krijat-emociite-kako-zmija-nozete-001.jpg

Кои 4 хороскопски знаци се склони на тоа да ги кријат своите емоции (и мисли) и никако нема да ви се доверат?

Рак

Овој знак, иако е најголемиот емотивец, исто така е и највештиот во нивното криење. Посебно кога се повредени сакаат да се затворат за себе и да се сокријат зад лажната, голема насмевка. Најчесто патат сами, во тишина.

Скорпија

Скорпиите се знак кој нема доверба во никого, па не сакаат да ги споделуваат среќните и тажни моменти со останатите. Задоволни се со својата способност сами да ги решаваат своите проблеми и не сакаат да ги оптеретуваат луѓето околу себе.

Вага

Вагите во себе може да доживуваат емотивна бура и повторно да изгледаат среќно и задоволно. Внимателни се и претпазливи за тоа каква слика создаваат за себе пред другите.

Девица

Девиците по природа се самокритични, свесни се за своите предности и слабости, па затоа не ги изразуваат своите емоции и мисли. Имаат вродена способност да лажираат среќно лице, без оглед на тоа колку се несреќни. Ништо на овој свет не може да допре до нивните емоции и мисли.

М. Д. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg